ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Да изградиме повторно и подобро, функционирањето на стариот начин веќе не е опција

September 6, 2021 15:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Изгради повторно и подобро, тоа треба да ни биде амбицијата. Функционирањето на стариот начин, веќе не е опција, рече денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

На првиот панел од конференцијата за економското закрепнување по КОВИД, Шекеринска истакна дека треба да креираме економија која ќе биде помалку зависна од јаглен (less carbonated), да изградиме модерна инфраструктура, универзална здравствена заштита, да создадеме координирани правила на дигиталната ера.

-И покрај нашата главна цел која е насочена кон борба со климатските промени, треба да планираме за ефектите на промената на климата со кои веќе се соочуваме – погледнете ги пожарите, поплавите. Ова бара генерална обнова на сите наши системи, почнувајќи од безбедноста, но одејќи кон различни области. Мислам дека практично, опцијата за функционирање на стариот начин, повеќе не е опција на масата. Видовме како владите можат да ставаат пари во економијата и најверојатно пост КОВИД ние ќе треба да го одржиме овој напор не само во економијата, туку и во јавната инфраструктура. Но, кога ќе ги даваме овие пари со што ќе овозможиме економијата да расте, нашите политички и цивилизациски приоритети мора да бидат повидливи, истакна министерката.

Верувам, дополни, дека ќе имаме пропуштена шанса ако не ги комбинираме силните субвенции за компаниите со поголема општествена одговорност во однос на животната средина во подобри социјални модели и да ги користиме како дел од нашите буџетски политики за повторно да ги разгледаме даночните системи, политиките на доход, како и некои од политиките и теориите против сиромаштијата.

Шекеринска порача дека мора да ги направиме нашите општества, не само нашите институции, поотпорни и ако не се фокусираме на корените на нестабилностите, поголемиот дел од работите што се прават, дури и во одбранбениот сектор, нема да бидат доволни.

-Затоа мојата молба е, да се бориме со нееднаквоста, да се бориме со корупцијата, да ги проанализираме сите правила кои беа типични за нашиот систем пред две години. Да бидеме покреативни и да ја гледаме големата слика цело време, истакна Шекеринска./МИА/.

Next Post

УИС: Осудениот Зоран Милески достави специјалистички извештаи од лекарски прегледи и дијагноза „Суправентрикуларна тахикардија“

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk