Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Наташа Котлар Трајкова, во интервју за Сител изјави дека проектот „Скопје 2014“ всушност не бил на претходната власт. Во видео објавата на твитер профилот на @CandoGolemiot, кое е извадок од интервју, професорката Котлар Трајкова вели дека проектот го гласала сегашната позиција.
Кандидатот на ВМРО за Центар тврди дека “Скопје 2014” бил проект на СДСМ ? pic.twitter.com/t8ODllH1gE
— Цандо Големиот (@CandoGolemiot) September 5, 2021
„Тој проект па и не беше на претходната власт. Тој проект беше изгласан токму од претставниците на сегашната позиција. Па што не рушеа, што не менува, што не правеа?“, изјави Котлар Трајкова.
За потсетување, проектот Скопје 2014 беше еден од најамбициозните проекти на ВМРО- ДПМНЕ со кој тогашниот претседател на партијата и сегашен политички азилант, пребеган во Унгарија, Никола Груевски, посебно се гордееше. Според објавата на БИРН од 2018 година, проектот до тогаш ги чинел граѓаните над 684 милиони евра.