ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Новата поштенска марка е доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава

September 6, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев се обрати на настанот за промоција на нова јубилејна поштенска марка, по повод претстојниот празник 8-ми Септември, односно 30 години од независноста. Настанот, симболично се одржа во Шалтер салата во зградата на АД „Пошта на Северна Македонија“. Покрај премиерот Заев, како домаќин се обрати директорот на АД  „Пошта на Северна Македонија“   Јани Макрадули, и пратеникот во првиот собраниски состав Исмет Рамадани.

Во своите обраќања, тие ја потенцираа важноста на оваа институција во сите 30 години од независноста, а се осврнаа и на историскиот развој на настаните кои придонесоа за независна и суверена Северна Македонија.

Директорот Макрадули на премиерот Заев во име на сите вработени во АД „Пошта на Северна Македонија“ му подари примерок од новата поштенска марка, како и албум со препознатливите поштенски марки од изминатите 30 години.

Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Зоран Заев:

„Имам голема чест денеска, да присуствувам и да ве поздравам на овој свечен настан – промоција на пригодна поштенска марка, со кој, два дена пред големиот празник 8-ми Септември, го чествуваме големиот јубилеј, 30-години независност на нашата татковина.

Сакам да упатам честитки до претставниците на АД „Пошта на Северна Македонија“, кои ја организираа денешната промоција на пригодната јубилејна поштенска марка, која е издадена според Програмата одобрена од Владата и е дел од Годишната програма за издавање на поштенски марки на Поштата.

Ја користам приликата, да упатам посебна благодарност и честитки и до вработените во Бирото за филателија во рамки на Поштата, кои во текот на годината се заслужни за подготовка за печатење на неколку илјади поштенски марки на различни тематики, кои го отсликуваат нашиот фолклор, култура и други мотиви карактеристични за нашето поднебје.

Верувам дека оваа поштенска марка, која го отсликува нашиот голем тридецениски јубилеј, ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата, ќе биде најдобра промоција на нашата земја и ќе привлекува уште повеќе туристи кои ќе се заинтересираат да ја посетат нашата земја и народ.

Оваа црвена пригодна поштенска марка ќе биде украс на писмата и понатаму ќе биде историски сведок на времето, кога граѓаните на тогашна Република Македонија донесоа историска одлука и глaсаа ЗА независност и ЗА суверенитет.

Пригодната марка, која е промовирана денеска, ќе остане своевиден доказ за храбрата и одлучна верба на нашиот народ дека е способен да создаде и да живее во независна, просперитетна и перспективна држава.

И… Еве нѐ.

30 години подоцна, продолжуваме да ја градиме Република Северна Македонија, која е меѓународно призната држава, со европски манири, опкружена со пријатели, со лидерите во соседството, со кои се среќаваме и соработуваме со цел обезбедување стабилна економска иднина за сите граѓани во регионот. Уште еднаш упатувам благодарност и честитки за овој гест на АД „Пошта на Северна Македонија“ и им посакувам успешна работа и во иднина!“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стармер најави состанок во Лондон за „ресетирање“ на односите на Велика Британија со ЕУ

May 16, 2025

Мицкоски вели – стратешкиот договор со ОК ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Украина е подготвена за мир, Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk