ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска до наставниците-ментори: Имате целосна поддршка од МОН, заеднички да направиме поквалитетно образование со новата Концепција

September 7, 2021 13:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Наставниците кои работат по новите програми за прво и четврто одделение се максимално посветени на спроведувањето на новата Концепција за основно образование. Ние како ментори сме им директна поддршка во имплементација на реформите, а предизвиците кои се појавуваат ги надминуваме заеднички, ја информираа наставниците-ментори, министерката за образование и наука Мила Царовска, на денешниот редовен состанок.

Менторите посочија дека наставниците, кои минаа низ целосни обуки, без проблеми ја почнаа новата учебна година и дека се задоволни што сега имаат слобода во креирање на часот.

Министерката Царовска им посака успешна работа на наставниците ментори и им посочи дека МОН е секогаш тука да им ја даде потребната поддршка со цел да се постигнат максимални резултати во нивната, но секако и работата на наставниците.

„Ве охрабрувам да го дадете својот максимум во успешната реализација на наставата. Со вашето искуство Вие можете многу да им помогнете на наставниците во реализација на планираните содржини и во примената на најсоодветни активности за постигнување на резултатите од учење. Сигурна сум дека овие суштински реформи ќе резултираат со поквалитетно образование, во што ќе се увериме на следните меѓународни и национални тестирања на знаењата на учениците“, рече Царовска.

МОН наставниците-ментори ги избра на јавен конкурс. Услов за да се здобијат со ова звање беше, да имаат најмалку 7 години работни искуство како наставник, да се вработени на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Next Post

Шилегов: Сите сме на иста страна во борбата со пандемијата на коронавирусот

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

August 24, 2025

Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги и да се развива во интерес на граѓаните

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk