ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на конференција за економско заздравување и раст по Ковид-19: Дигитализација и модернизација на системот на учење е нашиот успешен одговор на предизвиците од пандемијата

September 7, 2021 18:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Инвестициите за подобро образование не само што не запреа во услови на пандемија, туку напротив, напорот за постигнување на целите уште повеќе се интензивираше.

Затоа што образованието е жива материја и мора да се менува и прилагодува на глобалните и општествените текови и состојби и само така може да продолжи да биде еден од основните столбови на севкупниот напредок на државата. Моравме да го прилагодиме и на овие вонредни околности и тој да продолжи успешно да функционира како механизам за создавање на човечки потенцијал, без кој ниедна држава нема иднина.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусијата „Човечки капитал и инклузивен раст“ во рамки на Конференцијата ,,Економско заздравување и раст по Ковид-19’’ организирана од Министерството за финансии. Во своето обраќање посочи дека иако образовниот систем не бил подготвен целосно за пандемијата на почетокот, поради негрижа во минатото, сепак, адаптацијата се случи брзо, а дигитализацијата е најзначајна придобивка од ковид-кризата.

„Ако сме инвестирале во квалитетно и современо образование пред 10-тина години, Ковид кризата уште во 2020 година ја го дочекавме многу поподготвени. И тоа го покажаа развиените земји. Тие првенствено беа дигитализирани, дополнително имаа подготвен наставен кадар за брзо преструктуирање, за разлика од тоа што ние овие процеси моравме забрзано да ги спроведеме и да се прилагодиме на потребите коишто ги наметна пандемијата за пократко време“, рече министерката, додавајќи дека наставниците со посветеност и зголемени напори во работата одговорија успешно на сите критики и прогнози дека нема да добро да ги водат учениците низ образовниот процес додека трае пандемијата.

Во своето обраќање, министерката се осврна и на реформата на основното образование која започна со стартот на новата учебна 2021-2022 година, по неколку месечна јавна дебата и консултација за дефинирање на планот кој треба да обезбеди унапредување на квалитетот на наставата.

„Почнавме крупни промени и тоа баш во услови на пандемија. Имаме нов концепт на учење кој треба да ги научи децата да учат преку истражување и разбирање, за да можат знаењата коишто ќе ги стекнат, да ги практикуваат понатаму во животот. На овој начин тие се подготвени и за брзи прилагодувања на промени. За прв пат поставивме национални стандарди и излезни резултати од учењето“, рече Царовска, додавајќи дека тоа е само еден чекор во подготовката на современ, оптизмизиран и резистентен образовен систем кој ќе го имаме за неколку години од сега.

„Како што активно работиме на менување и подобрување на образовниот систем во период на Ковид, мора да продолжиме и понатаму, и тоа мора да биде национална заложба, независно која политичка партија е на власт или кој е министер за образование“, заклучи Царовска.

Next Post

Денеска се регистрирани 682 нови случаи на Ковид 19 – пријавени се 32 починати лица.

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

August 24, 2025

Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги и да се развива во интерес на граѓаните

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk