ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џентилони: Северна Македонија пионер во спроведувањето на минатогодишните политики, покажа постојан напредок

September 7, 2021 16:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Навистина ми е драго што рамката на Северна Македонија е целосно усогласена со инвестицискиот план на ЕУ, иако има простор за уште поголем напредок. Промовирање на енергетската ефикасност, на природниот гас како преоден чекор во процесот на декарбонизација, инвестирање во обвновливи извори на енергија, зголемување на пристапот на широкопојасен интернет, на е-услугите и дигиталните вештини се само некои од клучните предизвици со кои се соочува вашата земја, порача еврокомесарот Паоло Џентилони од денешмниот петти панел на конференцијата за економско пост-КОВИД закпренување.

Џентилони кој се обрати преку видео врска на панелот, нагласи дека Северна Македонија е пионер во спроведувањето на минатогодишните политики, дека покажа постојан напредок, како и дека понатаму постигнува успеси во реформите поврзани со ЕУ.

-Се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе постигнат договор за почнување на приспатпните преговори со Северна Македонија, истакна Џентилони.

И ММФ гледа напредок во областа на дигитализацијата.

Според извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс Северна Македонија ги има зелените финансии и дигитализацијата високо на својата агенда на приротетите.

– Утре е Денот на независноста на земјата и ова е вистинско време да ги пофалиме властите за напредокот што го имаат направено во овие важни области од економскиот и финансискиот развој, потенцира Хилберс, кој исто така се вклучи преку видео врска.

Министерот за животна средина Насер Нуредини подвлече дека зелените, еколошки инвестиции се дологорчни и тоа треба да им се објасни на приватниот сектор и на граѓаните. Земјава, рече Нуредини, не треба да биде индустриска сила, само треба да ги искористи природните богатства, да развива еко туризам, органско земјоделство. Тоа ќе создаде одржливи работни места.

-Мора да преземеме акција, ако не го сториме тоа нашата генерација ќе биде виновна за тоа, нагласи Нуредини.

На дигитализацијата и на зелената економија, се осврна и министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, напоменувајќи дека инвестициите во модерни технологии се едни од клучните промени кои ќе го дефинираат побрзиот агро развој. Тој, во овој контекст, го потенцираше влијанието на климатските промени.

-Ефикасен мулти-секторски пристап и земјоделство базирано на знаење ќе биде наша заложба за успешно спроведување на активностите за ублажување и прилагодување на климатските промени. Наша задача е да ја јакнеме и понатаму зелената економија, бидејќи животот ни покажа дека климата, здравјето и економијата се силно испреплетени и зависни едни од други. Минситерството за земјоделство, вложува сериозни напори за модернизација на земјоделството и за борба против климатските промени. Овие два процеси одат „рака под рака“, нема модерно земјоделство без заштита од климатски промени. А без нив, нема зелена економија, заклучи Хоџа.

Според него, сега не е време за анализи, туку за дејствување.

-Работиме на чекори кои ќе го усогласат земјоделството со климатските промени. Освен економски равзој, треба да ги задржиме и луѓето, да создадеме дополнителна вредност. Секогаш ги гледаме двете страни, да им понудиме на земјоделците инфратсруктура, патишта наводнување, но од друга страна и дивезрификација на средствата за руралните области и нивно искористување, рече Хоџа.

Министерот за информатичко оптество Јетон Шаќири, најави инвестиции во дигиталната инфраструктура и нови мерки за поддршка на ИТ секторот. Тој ги охрабри учениците што повеќе да се образуваат во оваа насока.

– Иднината на земјата е дигитална и зелена. Нашата цел е да воведеме дополнителни мерки за да му помогнеме на ИТ секторот, за да може да продолжи да расте без пречки, да имаме 25.000 вработени во овој сектор до крајот на 2030 година, наспроти 13.000 сегашни вработени. Ги охрабруваме студентите да студираат во ИТ секторот. Нашата цел е четири отсто од дипломираните студенти да бидат од овој сектор, двојно повеќе отколку во 2020 година. Планираме да инвестираме повеќе во инфраструктурата. До крајот на оваа година, 99 отсто од домаќинствата ќе бидат опфатени со 4G сигнал, 83 проценти ќе бидат покриени со брз широкопојасен сигнал, во споредба со 78 отсто минатата година. До крајот на 2023 година, ќе имаме барем еден град целосно покриен со 5G сигнал. Интернет конекција од еден гигабит во секунда за сите јавни институции до 2029 година, нагласи Шаќири.

Во врска со дигитализацијата и зелената економија, министерот рече дека се спроведува проектот „Систем за управување со документи“ – со цел поврзување на што повеќе јавни институции.

– Преку овој систем ќе се скрати времето за обработка на документи и ќе ја намалиме употребата на хартија. Нашата цел е да имаме 95 отсто од сите главни јавни онлајн услуги до 2030 година, наспроти 151 услуга до 2020 година. Нашите граѓани ќе имаат пристап до нивната електронска медицинска евиденција и 80 проценти од нив ќе користат решение за дигитална идентификација до 2030 година. Владата и министерството се на пат да ја дигитализираат и развијат зелената економија. Продолжуваме понатаму да го поддржуваме ИТ секторот во земјата, подвлече Шаќири.

Во тек е последниот панел од конференцијата, посветен на човечкиот капитал. Се очекува да бидат презентирани идеи кои ќе дадат одговор како да се зајакне образовниот и здравствениот систем, како и други клучни прашања во овој дел. Најавени говорници се Ролф Вензел, гувернер на Развојната банка на Советот на Европа, министрите за здравство, образование, надворешни работи, локална самоуправа и култура во земјава, како и Хари Патринос, менаџер за образование во СБ за Европска и Централна Азија и Јамеле Риголини, програм лидер за човечки развој во СБ за Западен Балкан.

Завршните заклучоци од конференцијата ќе ги презентираат министерот за финансии Фатмир Бесими, заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и државниот секретар во Министерството за финансии Јелена Таст.

Конференцијата во Скопје на едно место собра претставници од меѓународни финансиски институции, бизнис секторот и извршната и локалната власт од земјава и регионот кои дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата.

извор: МИА

Next Post

Шилегов го покажа речиси завршениот мост на „Булевар АСНОМ“

НАЈНОВО

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

August 25, 2025

Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk