ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мексико Сити ја заменува статуата на Колумбо со лик на староседелка

September 7, 2021 19:12
in ДЕНЕС, СВЕТ

Статуата на Кристофер Колумбо среде Мексико Сити ќе биде заменета со отелотворение на жена староседелка, соопштија властите во пресрет на 200-годишнината од независноста на Мексико.

Ликот на италијанскиот морнар, кој беше отстранет лани откако демонстранти почнаа да го уриваат, ќе биде преместен „на безбедно, достоинствено“ место, соопшти Националниот институт за антропологија и историја. Но, ќе биде заменет со скулптура од жена од народот Олмеци – древна мезоамериканска племенска заедница, која живеела во денешно Мексико. Новата статуа е изработена од мексиканскиот уметник Педро Рејес, истакна градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум.

– Домородните жени се можеби најнеправедно претставени во историјата на Мексико, односно им е оддадено најмалку признание. Оваа одлука е и чин на социјална правда, како и признание за 500 години отпор на староседелците од освојувањето од страна на Шпанија, рече таа.

Активистите лани одржаа протест наречен „Ајде да го урнеме“, на 12 октомври – датум што го одбележува доаѓањето на Колумбо во Америка, 1492 година. Во Мексико, датумот се слави како Ден на натпреварот – во знак на мешаното домородно и европско наследство на земјата.

Статуата во Мексико Сити, која беше оштетена и во 1992 година, првпат е поставена на авенијата „Реформа“ во 1877 година. Министерството за култура при отстранувањето изјави дека статуата е тргната заради реставрација.

извор: МИА
Next Post

Со проекциите во Виница и Пекљани заврши Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2021

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk