Чистата вода е основна потреба на секој граѓанин на државата и неопходно да се обезбеди ова основно уставно право, истакна денеска министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини на поставувањето таложникот во филтер станица за водоснабдување на Општина Липково.
Средствата за овој проект во висина од околу 56 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Министерство за животна средина и просторно планирање.
Од тековниот буџет на МЖСПП, информираат од Министерството, во тек е е реализација на капитални проекти за водоснабдување во вкупен износ од 68 милиони денари.