ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

September 7, 2021 16:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Минатата година беше историска, затоа што добивме членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ. Годинава е многу важна, бидејќи го добивме претседателството во ОБСЕ, станавме членка на Организацијата за црноморска економска соработка, позната по кратенката „БСЕК“, како 13-та членка и други сериозни надворешно-политички постигнувања. За жал се уште не успеавме да ја операционализираме политичката одлука за почеток на преговори поради прашањето кое го покренува Бугарија и поради внатрешната политичка состојба во таа земја на која не можеме да влијаеме. Но, и покрај тоа покажавме конструктивност.

Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека општа е поценката на меѓународната заедница дека ние се однесувавме достоинствено, европски и конструктивно во овој нерационален спор и ние продолжуваме така да се однесуваме, бидејќи на тој начин ќе ги имаме пријателите на наша страна и нашите аргументи ќе бидат слушнати подобро.

Затоа, посочи, на Самитот во јуни имавме едногласна поддршка од 26 земји-членки.

– Ние знаеме дека овој пат поминува низ Софија и продолжуваме со комуникацијата. Се видов со министерот во Киев, имавме подолг разговор, се слушнавме на телефон во петокот уште еднаш, се договоривме да имаме продолжување на средбите на експертско ниво свесни дека без политичка влада во Бугарија никој неможе да предвиди дали ќе може да има одлука меѓутоа се договоривме, јас побарав да продолжи комуникацијата за да се обидеме одредени разлики да ги надминеме во меѓувреме. Тоа што ми е задоволство што словенечкото претседателство е активно и продолжуваат да работат заедно со Европската комисија и се надевам дека тоа ќе вроди со плод. Самитот е на 6 октомври, Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК е на крајот на септември, истакна Османи.

Изгледите поради политичката состојба во Бугарија, посочи, никој не може да ги предвиди.

– Задоволство ми е кога гледам како Словенците се активни, како ЕУ, ние сме исто исто така активни. Што е до нас ќе направиме се што треба во рамки на позициите на државата. Дваесет и шест земји-членки на ЕУ сметаат дека ние се однесуваме конструктивно, достоинствено и не охрабруваат да продолжиме по тој пат активно да работиме за да изнајдеме решение. Тоа ќе продолжиме да го направиме независно од дневно политичката агенда. Тоа можам да кажам како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ. Значи прашањето не е дали туку кога, додаде Османи, одговарајќи на новинарски прашања по брифингот по повод првата архивска изложба на МНР насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика”. 

извор: МИА

Next Post

Џафери учествуваше на Работилницата за демократија на Австрискиот парламент

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

August 24, 2025

Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги и да се развива во интерес на граѓаните

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk