За вчерашниот проблем со кој се соочија попишувачите, поради кој и самиот процес беше прекинат извесно време, Симовски вели дека е технички кој бил предвиден и од администраторите на апликацијата и од интернет -провајдерот и брзо се реагирало.
„Денеска беше направен апдејт и рестарт на целиот систем, за да се отстранат сите багови. Денешниот рестарт е за да нема веќе вакви случаи. За техничкиот проблем од вчера најдено е решение и процесот продолжи“, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски кој денеска го посети Регионалниот центар во Куманово.
Вчера Европската комисија ги повика сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението во Велес се директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и Иљми Селами, како и претставници на комисијата на пописниот реон Куманово.
За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите за такви ситуации
Досега не е изречена ниту една казна за одбивање за попишување, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, додавајќи дека според податоците до утрово, попишани се околу 150.000 лица.
Извор: 360 степани