ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николов: Штип ќе го направиме уште поубав град каде живеат и работат задоволни луѓе

September 8, 2021 13:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Драги мои штипјанки и штипјани, нема поголемо задоволство за мене, кога како татко на градот можам пред вас гордо да се исправам и да ве погледнам во очи и заедно да се потсетиме на успесите, напиша градоначалникот на Штип на неговата Фејсбук страна.

Во услови кога пандемијата почна да ја онеспособува светската економија, кога партнерите на нашите стопанственици притиснати од новонастанатите услови со КОВИД 19 почнаа да им ги откажуваат нарачките, требаше да се најде некој способен, да изнајде решение. Да покаже на граѓаните дека има некој кој се грижи, кој нема да ги остави на цедило.

И додека некои седеа дома и од топлината на семејниот дом на социјалните медиуми си објавуваа желби и мислења, ние бевме со нашите сограѓани. Ние пари не арчевме на споменици. Ние вложувавме во нашите претпријатија, во нашите луѓе за да ги зачуваме претпријатијата, а не да ги затвораме.

Организиравме и итни реонски дезинфекции, преземени беа сите мерки за колективна заштита, а во соработка со Црвениот крст, штипските претпријатија и бројни волонтери организиравме акции за помош на старите и изнемоштени сограѓани.

Во соработка со Министерството за здравство, Универзитетот „Гоце Делчев“, полицијата, војската, црвен крст и медицинските работници организиравме регионалната активност за вакцинирање на граѓаните од источниот дел на државата.

Не оставивме никого на цедило.

На нас, никој не може да ни забележи како на нашите претходници, дека сме ја испразниле општинската каса за да ги скриеме проблемите без навистина да ги решиме. Ние не ставаме асфалт врз коцка како нив, и не ја лажеме меѓународната заедница дека до Штип сме довеле квалитетна вода за пиење, а неа никаде ја нема. Дека на претпријатијата им наредуваме да работат, без да им платиме.

Напротив, ние, во соработка со Владата на Република Северна Македонија обезбедивме средства да ги обновиме сите основни и средни училишта во градот. За само 12 месеци, додека поради пандемијата училиштата не работеа со физичко присуство, реконструирани се сите училишта и детски градинки. Заменети се подови во спортските сали, прозорци и врати од училниците, дел од училиштата веќе имаат енергетски ефикасни фасади, други, пак, имаат поставено фотоволтаици за производство на електрична енергија.

Изградивме целосно нова детска градинка во населбата „Сењак 4“ и Штип стана град кој прв го реши недостигот на сместувачки капацитет во градинките.

Во соработка со Агенцијата за млади и спорт, во месноста „К’ртеќе“, веднаш до населбата „Блок 77“ никна прекрасно игралиште за баскет, каде младите, но и другите сограѓани го користат за задоволување на своите потреби за спортување и престој на отворено. Во истиот локалитет, при крај е изградбата на затворениот базен.

Реконструиравме преку 90 улици, тротоари, нов мост на Брегалница, две паркинг платформи и кружни текови. Ја започнавме изградбата на браната „Отиња“ која беше потреба и децениски сон за сите нас.

Во соработка со ЈП Хидросистем „Злетовица“, го решивме најгорливото прашање, обезбедување доволни количества здрава вода за пиење. За само неколку дена од цевководот ќе потечат првите метри кубни вода од овој систем, со што Штип го решава денецискиот проблем со снабдување доволни количества вода за пиење.

За да може граѓаните на Штип да ја користат оваа вода, во соработка со Владата на Република Северна Македонија обезбедивме неповратни средства за изградба на пречистителна станица за ултра-филтрација, инвестиција вредна над 3,5 милиони евра. Ова од причини што постоечката филтер-станица користи технологија за обработка на подземна вода, неприменлива за карактерот на вода која доаѓа од ХС „Злетовица“.

Изградивме целосно нови водоводни линии до селото Чардаклија и населбата „Балканска“ и ги приклучивме овие населби на градскиот водовод.

На нашите херои, пожарникари им го решивме деценискиот проблем, го покачивме бодот и сега тие земаат повисока плата, плата којашто ја заслужуваат. Во постапка за набавка е и ново возило за Територијалната противпожарна единица, вредно над €200.000,00 со кое значително ќе ја подобриме безбедноста на штипјани.

Затоа со голема чест и задоволство ја прифатив кандитатурата за уште еден мандат за градоначалник на Штип токму од плоштадот „Слобода“, од каде во 2016 година по завршувањето на парламентарните избори заедно започнавме да чекориме по победничката патека, патека на обновата на нашата татковина.

Штип ќе го направиме уште поубав град, град каде живеат и работат задоволни луѓе, град каде децата растат во здрава животна средина, вели тој.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
фото: СлободенПечат

Талибанците ослободиле приведени авганистански новинари откако ги тепале

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Орце Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски: Ја прифаќам поканата за дебата со противкандидатот Мециновиќ, граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата

October 21, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Лувр ќе наплаќа поскапи билети за туристи од земји надвор од ЕУ

October 21, 2025
Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk