ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Подготовките за локалните избори влегуваат во финале

September 8, 2021 07:54
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување на локалните избори закажани за 17 октомври, остануваат уште два дена за увид во Избирачкиот список и четири дена за поднесување кандидатури за градоначалници и советнички листи за изборите. Обуките за употреба на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти се отпочнати.

Првпат на овие избори во земјата ќе се применат терминали и систем за вчитување на отпечатоци од прсти. На прашање на МИА за тоа дали Мисијата има искуство во набљудување на вакви избори, тие посочија дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има аналитичар за регистрација на гласачите и дека нивни претставници во ДИК веќе прегледале неколку од овие машини, но и дека ќе испитаат како тие се импементирани во други држави членки на ОБСЕ.

-Мисијата има аналитичар за регистрација на гласачите. Мисијата веќе се сретна со Државата изборна комисија и прегледа неколку од машините. Има и други ОБСЕ држави што користат слични машини и нашата мисија ќе испита како тие се имплементирани на овие избори во овој специфичен контекст, се наведува во одговорот од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за МИА.

Шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР е повторно Тана де Зулуета која иформираше дека Мисијата се состои од основен тим од 13 стручни лица со седиште во Скопје и 20 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во земјата од 15 септември. ОДИХР планира и да побара од земјите-учеснички на ОБСЕ да пратат 250 краткорочни набљудувачи, кои би пристигнале неколку дена пред денот на изборите.

 

Со мисијата ќе се процени дали изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и националното законодавство. Набљудувачите одблизу ќе ги испитаат клучните елементи на изборите, како што е регистрацијата на гласачите, регистрацијата на кандидатите, активностите во кампањата и нивното финансирање, работата на изборната администрација и релевантните владини органи, законодавството поврзано со изборите и неговото спроведување, како и решавање на споровите поврзани со изборите. Со мисијата ќе се следи и начинот на кој медиумите ја покриваат кампањата.

Шефот на мисијата де Зулуета истакна дека имајќи го предвид големиот проблем со кој се соочува земјата, а тоа пандемијата со Ковид-19, тие ќе се придржуваат до сите мерки за превенирање на ширење на болеста што се спроведуваат во земјата.

-Ова ќе биде многу важна компонента на мониторирањето и во поглед на краткорочното и во поглед на долгорочното набљудување, рече таа.

Во текот на набљудувањето ќе биде објавен периодичен извештај за да се ажурираат јавноста и медиумите. ОДИХР ќе ги претстави прелиминарните наоди и заклучоци на прес конференција денот по изборите, а ќе го објави конечниот извештај за набљудувањето, заедно со потенцијалните препораки, приближно два месеци по крајот на изборниот процес.

 

Вкупно 12.865 лица до вчера се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 62 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 25 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 60 барања.

Постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до четврток 9 септември.

Два дена подоцна, на 11 септември на полноќ завршува рокот за поднесување на кандидатури за локланите избори до Општинските изборни комисии.

Партиите речиси и да ги објавија сите кандидати за градоначалници, како и дел од носителите на листите за советници.

Официјално кампањата за локалните избори започнува на 27 септември, но многу од кандидатите за градоначалници веќе се среќаваат со своите поддржували и граѓаните./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
МИА

Република Северна Македонија одбележува 30 години независност

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Еурофарм Пелистер

    Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk