ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Системот рестартиран, пописот продолжува

September 8, 2021 07:50
in БРОЈКИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Пописот на населението и објектите во првите три дена, со исклучок на привремените технички проблеми, се одвива добро и досега се попишани околу 150 илјади граѓани. Софтверската апликација за попишување е апдејтирана и системот е рестартиран за непречено продолжување на пописот.

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски вчера информираше дека се прави апдејт и рестартирање на процесот за да се отстранат какви било проблеми во иднина.

– Секогаш кога работите со технологија, можни се вакви случаи тие беа предвидени однапред и затоа има цела екипа и од провајдерот на апликативното решение и од провајдерот на интернет конекцијата, постојана екипа којашто е спремна да интервенира, луѓето интервенираа и еве се отклонуваат работите, изјави Симовски.

Тој оцени дека има добар прием кај населението, и работите се одвиваат без проблеми. За лицата кои се во изолација, попишувачите ќе добијат адреси и со нив ќе се договорат кога ќе може да се спроведе пописот, според протоколите или ќе се договорат и ќе почекаат додека лицето излезе од изолација.

Попишувачите ангажирани за потребите на пописот имаат специјални овластувања издадени од Државниот завод за статистика и брендирани маици кои го содржат логото на Попис 2021. Тие најпрвин треба да го покажат овластувањето и со својата лична карта да се идентификуваат, а доколку лицето нема такво овластување, Државниот завод за статистика апелира граѓаните да не го примат во својот дом.

Европската комисија ги охрабри сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додаде дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

 

Можноста за самопопишување на лица во странство, до вчера ја искористиле – 191.890 лица.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември. /МИА/.

Next Post

Подготовките за локалните избори влегуваат во финале

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор

August 24, 2025
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk