ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратеникот Рамчиловиќ се сретна со претставници на Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ од БиХ

September 10, 2021 18:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на парламентарната група за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ денеска во Собранието, одржа средба со претставници на Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ од БиХ.

Рамчиловиќ изрази задоволство од посетата и надеж дека соработката со оваа Фондација во иднина ќе биде честа и успешна и постојано ќе се унапредува.

Тој ги потенцирал досегашните блиски и пријателски односи меѓу двете земји, двата народи, како и високото ниво на правата на Бошњаците, а се осврнал и на тековниот попис на населението што се одвива во нашата земја, како и застапеноста и во сите пописни органи на Бошњачката заедница во овој попис.

Изразил уверување дека парламентарната соработка и комуникација во наредниот период уште повеќе ќе се зајакнува и во таа насока упатил апел до своите гости да ги пренесат неговите заложби како претседател на парламентарната група за соработка до неговите колеги парламентарци во БиХ.

Гостите од БиХ се заблагодариле на пријателскиот прием во земјава и истакнале дека фондацијата е основана во 2019 година и нејзината цел е да го шири и промовира делото на првиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ, кое е базирано на слободата, вистината и правдата.

Претставникот на фондацијата Фарис Наниќ истакнал дека тие се запознаени со состојбата околу правата на Бошњаците во нашата земја и недвосмислено изкажал задоволство од степенот на почитување на правата на Бошњачката заедница кој, како што рече, е на едно завидно ниво на зрелост и со европски и препознатлив начин на размислување.

Тој нагласил дека правата секогаш може да се унапредуваат и дека како држави треба да работиме заеднички на тоа, а тие како Фондација ќе вложат максимални напори во иднина околу подобрувањето на условите за образование на мајчин босански јазик.

Изразувајќи сочувство за трагедијата што се случи во Тетово, гостите од БиХ изразиле уверување дека комуникацијата и соработката ќе продолжи и во иднина.

извор: МИА
Next Post

Вицепремиерот Битиќи на „Енергетскиот форум на Југоисточна Европа“: Северна Македонија станува енергетски хаб во Западен Балкан

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk