ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Црна Гора нови ковид мерки, приоритет вакцинацијата

September 10, 2021 16:22
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ изјави дека здравствените власти одлучиле да и дадат приоритет на имунизацијата, наместо полициски час на територијата на државата, јави РТЦГ.

– Новина е што во иднина, статусот на делумна вакцинација (една доза) нема да се признава и дека ќе можеме да влеземе во трговски центри само доколку исполнуваме еден од пропишаните услови од Националните дигитални Ковид потврди. Заострени се и условите за влез во нашата земја, рече Боровиниќ Бојовиќ на прес-конференција.

Таа додаде дека немало да дојде до промена на мерките доколку се почитувале важечките епидемиолошки мерки.

– Охрабрувачки момент е што 45 проценти од возрасните граѓани во Црна Гора се вакцинирани барем со првата доза, но тој процент мора да биде значително подобар, истакна Боровиниќ Бојовиќ.

Децата до 18 години се ослободени од условите од Националниот сертификат за Ковид, а терасите на кафулињата и рестораните ќе работат како и досега. Дигиталните сертификати за Ковид ќе треба да се контролираат во трговските центри.

Мерките што ги усвои Владата на Црна Гора ќе стапат на сила утре и ќе важат до 24 септември.

– Во рамките на дигиталниот сертификат за Ковид, статусот на делумна вакцинација повеќе нема да се признава. Во таа смисла, сертификатот ќе важи само ако лицето исполнува еден од пропишаните услови – дека поминале 14 дена од втората доза на вакцината која се дава во две дози или 14 дена од имунизацијата со вакцина со една доза, рече министерката.

Таа појасни дека вториот услов е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или позитивен ПЦР тест постар од 14 дена, а не постар од 180 дена. „Исто така може и лицето да има негативен брз тест кој не е постар од 48 часа, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Од 14 септември, влезот во Црна Гора е дозволен само ако црногорските граѓани и странци исполнуваат еден од пропишаните услови во однос на вакцинацијата.

Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Игор Галиќ вели дека повеќе од една третина од заболените граѓани се на возраст меѓу 20 и 39 години и тие се најчестите носители на вирусот.

– Според податоците добиени од Институтот за јавно здравје од болниците, 86,5 проценти од  починатите од коронавирус од 4 мај до денес биле невакцинирани пациенти, рече Галиќ.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја поткопа независната истрага за пожарот, срамен е нивниот обид за политизација на трагедијата

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk