Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во недела има шанса да испише историја, ќе се бори за освојување на календарскиот слем и за рекордната 21 титула на грен слем турнирите.
Ѓоковиќ во полуфиналето на УС Опен го совлада Александер Зверев со 4:6,6:2,6:4,4:,6,6:2 и во финалето го очекува меч со Данил Медведев на кој ќе има шанса да испише нови странци во тениската историја.
– Следниот меч ќе го третирам како последен во кариерата. Ќе ги дадам своето, срце, душа, тело, глава, буквално сè за да победам. Им благодарам на навивачите, атмосферата на трибините беше неверојатна. Ова се моменти за кои живееме, единствена можност за која сонуваме секој ден. Знаев дека ќе имаме голема борба, Саша е голем шампион, некој на кого му се воодушевувам и на теренот и надвор од него. Тој е одлична личност и уште подобар тенисер – изјави Ѓоковиќ на теренот на „Артур Еш“ стадионот во Њујорк, веднаш по победата.
Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе му биде Данил Медведев со кого оваа година играше во финалето на Австралија Опен и го совлада во три сета (7:5,6:2,6:2).