Талибанците прогласија обнова на нивниот исламски емират, неколку дена пред 20-годишнината од нападите на 11 септември, што ja предизвика американската воена интервенција и окупација на Авганистан. Новата влада на Талибанците ги поставува главните тврдокорни лидери на високи позиции и ги исклучува жените и припадниците на шиитското малцинство, потпирајќи се на претходните гаранции дека ќе биде претставник на сите Авганистанци.
Десетици илјади луѓе со право да се преселат во САД и во други земји сè уште се заробени во Авганистан, откако последните американски војници ја напуштија земјата на 31 август, со што заврши меѓународната операција за евакуација на авганистанските цивили, меѓу кои најголем дел вработени во странските мисии, во медиумите и во граѓанските организации.
Со оглед на тоа што соседите на Авганистан ги затворија своите граници, многу од оние што се обидуваа да заминат мораа да прибегнат кон бегство овозможено од трговци со луѓе или други средства за напуштање на земјата.
Во четвртокот (9 септември), талибанските власти им дозволија на околу 200 Американци, постојани жители на САД и иматели на други западни пасоши да ја напуштат земјата со лет за Катар, што е прво такво полетување со авион откако американските сили се повлекоа минатиот месец.
Во овој прилог: Соработникот на Волстрит Журнал Јарослав Трофимов со видео извештај од Кабул.
Извор: Wall Street Journal