Политиките на Министерството за економија во областа на енергетиката се фокусирани на енергетската транзиција, енергетска ефикасност и заштита на животната средина.
Владата на Северна Македонија кон крајот на 2019 ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 која што предвидува намалување на потрошувачката на енергија за 27% но при истовремено зголемување на БДП и зголемување на учеството на обновливи извори на енергија од сегашните 18 на 45% во 2040 година.
Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши кој денеска учествуваше на „Македонскиот енергетски форум 2021-Мапирање на енергетската иднина“.
Во прилог Ви испраќаме соопштение и фотографии од учеството на министерот Бектеши на “Македонскиот енергетски форум 2021“.