ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќе од 200 милиони луѓе би можеле да мигрираат до 2050 година поради климатските промени

September 13, 2021 18:53
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните три децении доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и разликите во нивото на развиеност, се наведува во извештај на Светската банка.

Во вториот дел од извештајот, објавен денеска, авторите испитуваат како ефектите од климатските промени, како што се недостигот на вода, намалена продуктивност на посевите и зголемувањето на нивото на морето, може да доведат до милиони „климатски мигранти“ до 2050 година и претставуваат три различни сценарија.

Според најпесимистичкото сценарио, што подразбира високо ниво на емисија на штетни гасови и нерамномерен развој, авторите предвидуваат дека до 216 милиони луѓе ќе мигрираат во нивните земји во анализираните шест региони. Овие региони се Латинска Америка, Северна Африка, Субсахарска Африка, Источна Европа и Централна Азија, Јужна Азија и Источна Азија и Пацификот.

Најповолното сценарио, со ниско ниво на емисија на штетни гасови и инклузивен, одржлив развој, бројот на мигрантите може да биде 80 проценти помал, но дури и во тој случај, 44 милиони луѓе би се преселиле.

Најзагрозен регион е Субсахарска Африка, во која, според најлошото сценарио, може да има до 86 милиони „климатски мигранти“ во границите на нивните земји.

Најголемо учество на „климатските мигранти“ во однос на вкупниот број жители би имала Северна Африка, каде што се предвидува дека ќе се преселат 19 милиони луѓе, односно девет проценти од населението.

Во Јужна Азија, речиси половина од „климатските мигранти“ би биле во Бангладеш, кој беше тешко погоден од поплави и неуспешни посеви, каде што се предвидува можност да се преселат 19,9 милиони луѓе.

извор: МИА

Next Post

Националната развојна стратегија 2021 - 2041 ќе даде јасна визија за сигурна иднина за нас и нашите деца

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk