ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

С. Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД

September 13, 2021 20:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Ова е еден од заклучоците од денешната средба на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски со црногорскиот министер за земјоделство Александар Стијовиќ и државната секретарка за земјоделство Николина Мишниќ.

Како што пренесуваат од АФПЗРР, на состанокот се разговарало како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и заемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура и зголемена апсорпција на средствата и од националниот и од ЕУ буџетот.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакнал дека со интензивирање на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвораат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.

– Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руреалниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ, истакнал Бачовски.

Министерот за земјоделство на Црна Гора порачал дека се добредојдени сите искуства и насоки со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет.

– Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина. Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат, истакнал Стијовиќ.

Двете институции, како што наведува, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во наредниот период ќе склучат и договор за соработка со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка.

извор: МИА

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: Мицкоски не го знае Уставот и никој во неговата партија нема поим ни од право ни од политика

НАЈНОВО

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше 130 милиони евра

November 18, 2025

Били Ајлиш и Илон Маск во жесток онлајн судир поради богатството и одговорноста

November 18, 2025

Лувр затвори дел од музејот поради нестабилен под

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk