ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија и земјите од Западен Балкан со Документ за развој на железничкиот транспорт како приоритетна цел

September 13, 2021 13:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на модерна дигитализирана железничка мрежа со директни експресни возови кои ги повруваат градовите во регионот ќе придонесат за воспоставување  подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан и одржлива животна средина. Ова е основниот приоритет во документот Потосветеност на Железницата што го потпишаа денеска во Белград министрите за транспорт на Северна Македонија и на земјите од регионот, на првиот Железнички самит за ЗБ.

Како што јави дописнкиот на МИА од Белград, Самитот се одржа во организација на Постојаниот секретеријат на Транспортната заедница, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Европската банка за за обнова и развој (ЕБОР), а изјавата во документот за подготвеност за развој на железничкиот транспорт како врвен приоритет ја потпиша и македонскиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Ние сме во Белград заедно со другите држави од регионот да покажеме подготвеност заеднички да пристапиме кон надградба и развој на железницата во регионот. Кога зборуваме за железничкиот и патен транспорт, тој не завршува на нашите граници, тој продолжува и затоа мораме заедно да работиме со цел да ги подобриме услугите, кавалитетот, безбедноста и заштитата на животната средина и токму тоа е еден од најзначајните принципи зошто сме денес овде и зошто со станатите земји работиме на подобрување на овој сегмент на транспортот. Мораме да продолжиме да работиме со уште посилно темпо и динамика на Коридорот 10 и Коридорот 8. За овој коридор очекувам дека на почетокот на 2022 ќе имаме градежни зафати, ќе имаме избрано изведувач кој ќе започне со изработка на проект во износ од 200 милиони евра, кој ќе значи развој на овој Источен крак од Коридорот 8, а тоа е Паневропскиот коридор и секако во продолжение на третата фаза кон границата на Бугарија, изјави министерот Бочварски.

Според него, значајно е тоа што „Балканот покажува дека сите земји може да продолжат да работат заедно, без никој да прави притисок, и поради ова продолжуваме да ги надоградуваме политиките во транспортот и животната средина“.

На Самитиот, потпретседателката на ЕИБ за ЗБ, Љиљана Павлова, изјави дека „ЕИБ ќе ја подржи имплементацијата на Економско-инвестицискиот план и ќе даде помош на локалните партнери за пристап на расположивите фондови, за што досега ЕИБ има вложено над 5 милијарди евра во транспортниот сектор.“

-Ова е можност која земјите од ЗБ не смеат да ја пропуштат да инвестираат во своите железници, и заедно со ЕУ и ЕИБ ние ќе ја дадеме подршката во вид на структурни финасиски средства за развој на железницата и одрживлиот, зелен, безбеден облик на транспорт на ЗБ, изјави Нандите Паршад, директор во ЕБОР.

Самитот беше организиран да коинцидира со доаѓањето на возот Connecting Europe Expres, во рамките на Европската година на железницата, кој поминувајќи низ 26 европски земји доапатува во Белград, а вечерва се очекува да пристигне и во Скопје./МИА/.

Next Post

Заев од Форумот за енергетика: Ја правиме првата енергетска транзиција во регионот, како пример за земјите од Западен Балкан

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk