ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи: Политиките за поддршка на инвестициите и за зголемување на конкурентноста почнуваат да даваат ефекти

September 15, 2021 21:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кај компаниите постои подготвеност да инвестираат затоа што гледаат дека политиките што се воведени за поддршка на инвестициите, но и за зголемување на конкурентноста почнуваат да даваат ефекти, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Нагласи дека оптимизмот кај компаниите не е заснован на интервенции од страна на Владата и државата во стопанството, туку двигател на развојот е самото стопанство заради, како што рече, воспоставениот систем на мерки и програми кои алудираат на структура на економијата која е поддржана, но при тоа не да го води стопанството, туку стопанството да е водено од стопанственици.

-Во 2017 година кога го воведовме Законот за финансиска поддршка на инвестициите имаше 27 договори  за поддршка на домашните и странските компании. Во овој момент со менувањето на целосниот систем на поддршка на компаниите и начинот на кој ги управуваме договорите имаме 245 договори со компании кои веќе имаат инвестициски циклус од над 150 милиони евра, а државата ги поддржува, рече Битиќи во интервју за ТВ Сител.

Тој нагласи дека само во 2021 година до овој момент се прегледуваат 150 нови барања за поддршка на инвестициски циклуси.

-Нашите предвидувања се дека до средината на октомври, кога треба да заврши процесот за годинава, ќе завршиме со 380 активни договори за поддршка на инвестиции од домашни и странски компании надвор од инвестициите во ТИРЗ. Кога ќе ги додадеме и нив ќе дојдеме до бројка од 420 компании кои влегле во инвестициски циклус, истакна Битиќи.

Ни една од нив, прецизира, не е во инвестициски циклус од една година, туку сите се во период од пет до десет години.

-Кумулативно заедно со тие со кои преговараме ние зборуваме  за инвестиции во наредниот период од 700 до 800 милиони евра само во преработувачкиот сектор, посочи Битиќи и им порача на стопанствениците кои сакаат да влезат во инвестиции дека во Владата ќе најдат партнер кој ќе се придржува до секоја договорна обврска што е потпишана без разлика дали е потпишана од актуелната или од некоја претходна влада.

За растот на економијата во вториот квартал од годинава за 13,1 процент рече дека е таков каков што очекувале во фазата на опоравување од КОВИД-кризата.

-Уште сме внимателни да кажеме дека целосно навлегуваме во фазата на опоравување затоа што нашата економија е доста зависна од другите економии. Во извозно ориентирана економија во која што скоро 48 отсто од извозот го креираме со Германија, ако  нивната економија трпи загуби, а тие во двата квартала од 2021 имаат пад на БДП, не можеме ние да очекуваме дека овде ќе биде навистина периодот на опоравување затоа што сме извозно зависни и нашиот БДП секако е зависен. Но, сметам дека има доволно добри индикатори коишто укажуваат дека ова зголемување не носи и во добра насока, да го фатиме трендот на постигнување на растот на БДП од 4,1 отсто што го имаме зацртано за 2021 година, рече Битиќи. 

извор: МИА
Next Post

Хоџа: Се додаваат по два денара од винарските визби за достигнување на договорените цени

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk