ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Папајоану: Се надеваме дека набргу ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија

September 15, 2021 15:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Надеж дека набргу ќе свика првата меѓувладина конференција ЕУ – Северна Македонија, како и поддршка за европската перспектива на нашата земја, но и на останатите од регионот, изрази портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану на денешниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаде дека интеграцијата на Западен Балкан, за Атина, е пат  во една насока, бидејќи е „во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот, како на регионот, така и на Грција“.

-Грција ја подджува интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија, со исполнување на познатите услови и се надева дека најбргу што може ќе се свика првата меѓувладина конференција ЕУ- Северна Македонија. Би сакал да истакнам дека континуирано и интензивно работиме, заедно со други земји членки на Унијата, како што се Романија, поранешната земја претседавач Португалија и сегашната земја претседавач Словенија за зајакнување на европската перспектива на Западен Балкан, истакна Папајоану.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина, за детали околу овие активности и дали во овој контекст се планирани конкретни иницијативи, портпаролот на грчкото МНР, објасни дека Грција, лани во јануари го покренала прашањето Западен Балкан одново да се најде на агендата на Унијата, додавајќи дека во мај првпат се дискутираше по пауза од една-една и пол година и сега со словенечкото претседателство одново било потенцирано конкретното прашање во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

-И за време на посетата на Северна Макдонија, Дендиас, јасно повтори дека ја поддржуваме европската перспектива. Тоа беше едно од основните теми за кои Дендиас разговараше со сите негови соговорници во Скопје.  Секако, рековме дека ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме и ѝ да нудиме на Северна Македонија било каква техничка помош во нејзината европска перспектива. Ова е нешто што со задоволство беше прифатено од Северна Македонија. Им рековме дека сме на ваша страна, сакаме да ви помогнеме, да продолжиме со помошта, која е од 2012 година, рече Папајоану.

Говорејќи за посетата на шефот на грчката дипломатија на Скопје, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција рече дека станало збор како за билатералните односи, така и за Договорот од Преспа.

-Во Скопје, детално беа разгледани билатералните односи во целина, како и перспективите за нивно дополнително зајакнување. Секако од грчка страна беше потенцирано дека целосното, доследното и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа е неопходен предуслов, како за зајакнување билатералните односи,  така и на европската перспектива на земјата, истакна Папајоану.

Денешниот брифинг во грчкото МНР беше прв со физичко присуство на акредитираните новинари и странски дописници по пауза од неколку месеци.

Next Post

Од вечерва корекции на откупните цени -10 денари за „смедеревка“, 12 денари за „вранец“

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk