ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев и Маричиќ на средба со ОБСЕ-ОДИХР: Со прифатените амандмани на Изборниот законик обезбедивме дополнителни гаранции за локални избори според највисоки стандарди

September 15, 2021 19:47
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ примија делегација на мисијата за следење на локалните избори на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), предводена од шефицата на мисијата Тана де Зулуета.

Премиерот Заев и министерот Маричиќ на средбата истакнаа дека сите подготовки за спроведување фер и демократски избори за градоначалници и за совети во општините во надлежност на Владата се спроведени во целост во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, вклучувајќи и поголем дел од оние кои се однесуваа и на Изборниот законик.

Тие на средбата соопштија дека со прифатените амандмани на Изборниот законик кои поминаа со големо мнозинство од сите политички партии во Собранието, се обезбедени дополнителни гаранции за спроведување на локалните избори според највисоки стандарди.

Како дел од прифатените амандмани е и предложеното дополнување во Законот со кој се зголемувањето на отчетноста, транспарентноста и контролата на државните ресурси за време на изборниот процес. Во таа насока, за остварување целосен надзор, сите државни институции се задолжени до Државната комисија за спречување на корупцијата да достават податоци за сите моторни возила со кои располагаат со цел увид во нивното користење за време на изборите и спречување на евентуални злоупотреби.

Премиерот Заев на средбата со претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР нагласи дека Република Северна Македонија доби високи оценки за организацијата на последните три изборни претседателски, парламентарни и локални избори, и дека се имплементирани сите дополнителни барања за унапредување на изборниот процес вклучувајќи го новиот начин на идентификација со отпечаток од прст за што во избирачкиот список со новите амандмани е додаден и посебен бар код за поголема контрола на гласањето.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ-ОДИХР Тана де Зулуета информираше дека овие локални избори набљудувачката мисија ќе ги следи со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи, кои ќе пристигнат неколку дена пред денот на изборите.

На средбата беше потврдено дека изборите ќе се спроведат под строга контрола и со почитување на утврдените протоколи за организирање безбедна кампања и гласање во услови на актуелната пандемија со КОВИД-19.

Next Post

Вечерен преглед: Oбезбедивме дополнителни гаранции за локални избори според највисоки стандарди, македонските предизвици кон ЕУ се предизвици за самата Унија

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk