ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни 13 027 ковид случаи, ако е потребно ќе има нови мерки

September 16, 2021 09:06
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА

Надлежните здравствени власти укажуваат дека ковид вирусот моментно има широка инфекција, се следи ситуацијата, а доколку е потребно ќе има нови мерки. Засега, истакнуваат надлежните, нема индикација за промена на наставниот модел со физичко присуство на учениците.  Бојот на активни КОВИД случаи изнесува 13.027. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, од 4.621 тестирање се регистрирани 617 нови случаи на Ковид -19, починаа 32 лица, а оздравеле 450 пациенти.

– Во ковид – центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој, напиша вчера на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, кој поради пожарот во модуларната болница во Тетово достави оставка до премиерот.

Министерката за образование Мила Царовска, пак, информираше дека завчера бројот на позитивни ученици во училиштата е 0,01, што, наведе, значи дека се помалку новозаразени во споредба со понеделникот. Досега, изјави вчера таа, немаме индикација дека наставниот модел треба да се менува, но во моментот кога ќе добиеме индикација за промена на моделот ние сме спремни така да постапиме.

– Епидемиолозите следат, Комисијата за заразни болести следи, информациите ги добиваат и тие, како што ги добива МОН, и тие дејствуваат врз основа на општина, регион, училиште. Упатувам на тоа дека во училиште се 240 илјади ученици, а вчера бројот на позитивни ученици во училиште е 0,01, што е навистина многу низок процент. Очекувам дека ќе успееме да се одржиме во ниски проценти, затоа што највисок интерес на учениците е да бидат во училница, нагласи Царовска.

 

Таа информираше дека процентот на вакцинирани наставници е висок и изнесува над 74 процнети. Апелираше до директорите, наставниците и родителите да се почитуваат протоколите за да се заштитат децата и да им се обезбеди правото на учење кое е основно детско право.

– Мислам дека до крајот на месецот ќе постигнеме и едно соодветно ниво како што велат здравствените власти за колективен имунитет кај наставниците и тоа е речиси два пати повисок број од националниот стандард и ме радува тоа бидејќи тоа покажува висока свесност кај наставниците за потребата од континуитет во настава, заклучи Царовска.

Според последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 763 965 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2 057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13 493. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647 769 граѓани.

Со последните бројки, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, нагласуваат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 184 893, на оздравени пациенти е 165 527, а на починати 6 339.

извор: МИА
Next Post

Заедничка седница на владите на Република Северна Македонија и Република Косово

НАЈНОВО

Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk