ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК го усвои ревидираниот роковник за изборите согласно измените на Изборниот законик

September 16, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 23-та седница го усвои ревидираниот роковник за претстојните локални избори, усогласен со измените и дополнувањата на Изборниот законик, донесени вчера од Собранието, а предложени од пратенички групи од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

Освен измените и дополнувањата на роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалници и градоначалник на градот Скопје и членови на советите на општините и советот на главниот град во 2021 година, ДИК усвои и упатството за ангажирање на лица од редот на вработените во секторите за информатичките технологии или надворешни ИТ лица и донесе одлука за објавување на описите на избирачките места.

Членот на ДИК Борис Кондарко информира накратко за поважните измени на Изборниот законик.

– Се воведува обврска за која го пропишуваме рокот најдоцна до 25 септември до 24 часот, сите службени органи и институции кои располагаат со возила да ги достават податоците до ДКСК, со цел увид во користењето на истите за време на избори и спречување на евентуални злоупотреби. За сите радиодифузери, печатени медиуми и портали, кои се регистрирани за платено политичко рекламирање во ДИК, остануваат нивните регистрации, а оние кои го пропуштиле рокот, се определува нов рок за регистрација. Тој рок ќе почне на 17 септември и ќе трае до 19 септември, заклучно со недела до 24 часот, соопшти Кондарко.

Со измените во Изборниот законик, се предвидува да можат да гласаат и лица на кои им истекол рокот на важност на лични карти, а кој рок истекол од денот на распишување на изборите до денот на нивно одржување, што значи од 6 август до 30 октомври.

Кондарко информира дека во најскоро време ДИК ќе направи упатства и соодветни обрасци за оние за кои се однесуваат измените во Изборниот законик опфатени во ревидираниот роковник.

– Се предвидува и рок за пријавување на лицата кои се позитивни на коронавирусот или се во самоизолација за гласање во домашни услови. Овие лица ќе гласаат ден пред одржувањето на првиот круг, односно 16 октомври и 30 октомври доколку има втор круг, соопшти Кондарко.

извор: МИА

Next Post

Шаќири – Силвестри: Можности за соработка во областа на сајбер безбедностa

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk