ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивановска: Луѓето се против корупција, ама не би ја пријавиле

September 17, 2021 09:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на ДКСК, Биљана Ивановска во денешен Утрински брифинг се осврна на неколку горливи теми кои ја засегаат Дирекцијата за спречување на корупцијата, како што се локалните избори, прашањето за оставките по трагедијата во Тетово, но и последната дебата на ДКСК која беше откажана, а се однесуваше на отпадот и животната средина.

-Во јавноста се прави забуна меѓу тоа што е морална и кривична одговорност и тоа што е оставка од морални или други причини. Во случајот во министерот за здравство Венко Филипче станува збор за оставка од морална одговорност и сметам дека треба да биде прифатена. Ако нешто се случило тогаш системот потфрлил и човек мора да понесе одговорност, вели Ивановска за Утрински брифинг.

Во врска со претстојните локални избори ДКСК е подготвена за нивно следење од нивниот домен. Ивановска вели дека имаат софтвер со кој се следи текот на финансиите и донациите на партиите како и софтвер за следење на користењето на службените возила и сето тоа е достапно за јавноста.

-Имаме софтвер и за т.н. свиркачи кој го спроведовме како дел од ИПА програмата. Преку него, дискретно – што ни беше многу важно – граѓаните можат да пријават корупција и неправилности. Ние направивме истражување пред да го воведеме овој софтвер и истражувањето покажа дека граѓаните се против корупција, дека им пречи, но не се расположени да ја пријават. На овој начин, преку софтверот, пријавувањето се олеснува, вели Ивановска за Утрински брифинг.

Во врска со свиркачите, таа потсетува дека сепак има правила. Сите случаи прво треба да бидат пијавени во институциите како што се ДВСК, МВР или Народниот правобранител, а не прво да се излегува во јавност затоа што на тој начин, според т.н. Закон за свиркачи се губи статусот на заштитен сведок.

ДКСК организира дебати на различни општествени теми, а целта на дебатите е прибирање на експертски мислења од кои можат да произлезат предлози што потоа се доставуваат до извршните власти. Третата дебата од оваа низа беше посветена на животната средина и справувањето со отпад, но за жал се откажа поради случувањата во Тетово.

-Сметаме дека животната средина е најважна. Ние следиме како се создава отпадот и како тече справувањето со отпадот во смисла на тоа дали законите функционираат или има дупки кои треба да се пополнат. Ние имавме отворен случај со депонија во Визбегово, каде се покажа дека имало потплатување за да се носи отпад од Косово и да се гори таму. Сега депонијата е затворена. Отпадот е сериозна работа, вели Ивановска.

Таа додава дека ДКСК работи и на подигање на свеста за животната средина и дека мораме да ја исчистиме земјата од отпад и да ја средиме канализацијата.

-Јас би инвестирала во дронови, па да се види кој тоа недозволено фрла отпад и загадува, а казните да бидат драконски, вели Ивановска за Утрински брифинг.

Next Post

Код

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вашингтон распоредува флота и бомбардери во Карибите – официјално „против дрога“, неофицијално против Мадуро

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk