ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Пописот одлично тече на терен, надминати се сите техничи недостатоци

September 17, 2021 21:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ на вечерашното интервју на телевизија „Сител“ оцени дека пописот се спроведува успешно, без речиси никакви проблеми и досега се попишани околу 900.000 граѓани или околу 100.000 дневно.

– Во текот на викендот ќе достигнеме до милион попишани граѓани од теренското попишување. Дополнително, има сериозна бројка и од онлајн попишувањето. Пописот одлично тече на терен и надминати се сите техничи недостатоци кои ги имаше на почетокот. Во соработка со МВР и „Телеком“ одбиени се успешно сите хакерски напади, кои доаѓаат со ИП адреси од странство, изјави министерот, додавајќи дека не може да открие детали, но оти МВР, „Телеком“ и Државниот завод за статистика направиле успешна одбрана на системот за попишување.

Според министерот, како одминува времето, граѓаните стекнале доверба во процесот, кој се изведува брзо и безбедно. Маричиќ ги отфрли информациите на партијата Левица дека пописот масовно се бојкотира во руралните средини. Тој рече дека е добро што и од таа партија има меѓу попишувачите, иако тие тоа го нарекоа инфилтрирање.

– Јас мислам дека тоа е добронамерно учество во системот и тие ја сфатија реалноста дека ова е натпартиска операција и дека е техничко-статистичка операција, којашто е важна за во следните десет години и за политиките на Владата, општините и на сите институции, рече Маричиќ.

 

Министерот за правда рече дека ова не се избори, па некој да ги признае или не резултатите од пописот, во случај тоа да го стори опозицијата. Тој нагласи дека реална основа за оспорување на податоците од пописот нема.

– Податоците на граѓаните се вкрстуваат со шест седум регистри кои ги имаме по разни основи. Така што, тие податоци се проверуваат дали се кредибилни и точни и минимални се шансите за манипулации оти податоците може лесно да се проверат, нагласи Маричиќ, кој рече дека попишувањето на граѓаните трае околу пет минути.

Во врска со несреќата во тетовската модуларна болница, министерот за правда Маричиќ рече дека Владата многу сериозно ја сфатила работата и уште од првиот ден се работи константно на случајот.

– Истиот ден, како Влада, побаравме помош од најреномираниот германски институт за криминална полиција во Визбаден, кој има 60-годишно реноме, 7.000 вработени, годишен буџет од 800 милиони евра. Се обративме на најдобрите да ни помогнат во една ситуација, која е несекојдневна. Не се случува секој ден да има експлозија во болница и да има толку жртви. Ние длабоко жалиме како Влада и сакаме да се расчисти секоја околност до крај и јасно да се утврди одговорноста, нагласи министерот, додавајќи дека не е добро од ваква несреќа да се извлекува политички поени.

Next Post

СДСМ: Правдата денес е достапна за секого, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се докажани заштитници на криминалот

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk