Од октомври, таму каде што се бараше потврда за само една доза вакцина, ќе се бара сертификат за целосна имунизација, со две дози, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ова, рече Филипче, е новата мерка што ќе се воведе најверојатно идниот месец. За други рестрикции засега не се размислува.
Што е полудо: Тоа што левица бара Македонците да го бојкотираат пописот за да не бидат “вештачки напумпани” бројките на Албанците, тоа што нивни бројни функционери, кандидати и членови се всушност попишувачи или тоа што сега тврдат дека баш тие попишувачи се всушност “намерно инфилтрирани оперативци”, гласи статус на Павле Богоевски.
Денес, правдата е достапна за секого, а пред законите сите се еднакви. Истиот тој Кичеец за кого зборуваат е потврден соработник и слуга на Христијан Мицкоски, целата јавност имаше можност да чуе како Мицкоски договара соработка и бара услуги од него, сега тој е во затвор, додека за Бојан Јовановски беше донесена пресуда во брза и ефикасна судска постапка, велат од СДСМ.
Нашата земја во периодот кога се осамостојуваше за среќа помина без оружени конфликти, а моето лично мислење за рефередумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, истакна премиерот Зоран Заев на трибината „Патот до независноста“ што на негова иницијатива денеска се одржа во Владата по повод 30-годишнината од независноста.
Транспарентност секогаш може повеќе и треба повеќе. Јавноста е секогаш заинтересирана за работата на институциите и затоа направивме и владин план за борба против корупцијата и имаме и вицепремиер за борба против корупцијата, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.
М. М.