ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија и Косово ја подобруваат ЕУ-перспективата со договори за соработка

September 17, 2021 07:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Единаесетте договори и меморандуми потпишани вчера во Скопје, на првата заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово, треба да ја продлабочат соработката која, според оценката на премиерите на двете земји, Зоран Заев и Албин Курти, и сега е одлична и пријателска.

Договорите на кои се обврзаа министри од повеќе ресори во двете влади, се однесуваат главно на инфраструктурно поврзување што ќе ја подобри економската соработка и комуникација. Потпишани се и програми кои опфаќаат соработка на меѓугранични проекти со поддршка на ИПА-програмите на ЕУ, како и договори за соработка во енергетиката, туризмот, културата и унапредување на заедничките иницијативи во иновациите и технолошкиот развој.

Делегацијата на Владата на Косово во полн состав вчера учествуваше на првата заедничка седница со македонската влада и беше пречекана со највисоки воено-државни почести на платото пред Владата. На тет-а-тет средбата и потоа на заедничката прес-конференција, доминантна тема на двајцата премиери беше европската перпсектива на двете земји и на целиот Западен Балкан, а во нивниот разговор биле опфатени и теми за потребите на македонските и косовските граѓани.

Според премиерот Заев, за разлика од оддалеченоста на лидерите на двете земји пред 10-15 години, дијалогот сега овозможува тие да бидат повеќе од помош меѓу себе, особено на патот на интегрирање во Европската Унија.

– Верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ. Целиот Западен Балкан, сите шест земји, немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Ако регионот повеќе соработува, Европа уште повеќе ќе почитува. Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба, туку Балкан на 21 век. Ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Република Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ, истакна Заев на прес-конференцијата.

Република Северна Македонија, посочи Заев, е подготвена да ги сподели со Република Косово сите свои искуства од нашата интеграција во НАТО, до членството на нашиот сосед во Алијансата.

Според Заев, различните ставови со Косово во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, во која покрај земјава се и Албанија и Србија, не е пречка за одлична соработка.

– Косово е суверена и независна држава, ги гради своите ставови и ги почитуваме тие ставови. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде, во регионот, е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји, одговори Заев на новинарско прашање.

На прес-конференцијата тој истакна и дека секое унапредување на односите меѓу соседите носи стабилност и просперитет за целиот регион и токму затоа, рече, „даваме целосна поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово, воден од ЕУ и ќе поддржиме решение кое е прифатливо за двете страни“.

Косовскиот премиер Албин Курти го оцени како историски момент првиот состанок меѓу владите на двете земји и посочи дека сакаат што повеќе соработка и остварување на договорите на билатерално ниво меѓу Косово и Северна Македонија, а доказ за тоа, според него, е и средбата и заедничката седница меѓу двете влади.

– Ние сме ориентирани кон иднината, за нас иднината е Европската Унија. Значи ЕУ е нашата среќа, додека Европа е нашиот континент. Затоа, ние ќе ги поттикнеме сите регионални соработки, коишто за цел ја имаат ЕУ, рече Курти.

Заедничката желба покажана на средбата, за нив, рече тој, е гаранција дека тоа што е потпишано на хартија ќе биде и остварено.

– Со нашата подготвеност и сериозноста која ја покажуваме, убеден сум дека сите овие договори ќе бидат остварени, а потоа да продолжиме да ги остваруваме и другите позитивни договори коишто беа запрени. Верувам дека до крајот на нашиот мандат, нема да има потреба на крајот да зборуваме за неостварени договори, туку само за нашите заеднички достигања, на секое од полињата од овие 11 договори, рече Курти.

На новинарско прашање, косовскиот премиер на прес-конференцијата одговори дека министрите за правда на нашата и неговата земја се во директен редовен контакт и соработуваат, меѓу другото и за тоа кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети во случајот „Монструм“. Притоа рече дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети, кои имале засебни и тешки процеси“.

– Но, има и други предмети коишто според мое убедување не се разјаснети докрај и за кои се уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината, изјави Курти.

Со 11-те договори и меморандуми за соработка потпишани вчера во Скопје, бројот на документи со Косово од 42 се зголеми на 53, информираше вчера Министерството за надворешни работи.

Во пакетот потпишани договори во рамки на меѓувладината седница е заедничка царинска контрола на железничкиот премин Блаце – Хани Елези. Договорот ќе овозможи поедноставување на граничното регулирање на железничкиот сообраќај и намалување на времето на чекање на граничните премини. Ќе придонесе за подобро поврзување и побрз проток на стоки и луѓе меѓу двете земји и подобри услови за бизнис-заедницата.

За инфраструктурно поврзување во тек е реализација на проектот за изградба на автопатот до граничниот премин Блаце, каде што има иницијатива за поставување заедничка контрола, а во областа на енергиката се преземаат активности за изградба на интерконективен гасовод. Договорено е и воспоставување заеднички гранични премини, заеднички скијачки проект, поврзување на Брезовица и Попова Шапка…

Двете земји веќе имаат потпишано договори за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот на доход и данокот на капитал, како и за поттикнување и заемна заштита на инвестициите.

Според податоците што вчера ги соопшти Министерството за финансии, трговската размена меѓу Северна Македонија и Косово од почетокот на годината бележи раст од 40,2 отсто и достигна ниво од над 200 милиони евра./МИА/.

Next Post

Активни се 12.984 случаи, нови правила за влез во Швајцарија, Белгија и Австрија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk