– Со Лора Купер, помошник секретар за одбрана на САД, заедно го откривме македонското знаме во холот на Пентагон, кое ќе стои заедно со знамињата на останатите 29 земји членки на НАТО. Кратка но емотивна церемонија, која не’ направи сите горди, напиша министерката Шекеринска на Фејсбук.
На церемонијата присуствуваше и американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз која во пригодниот говор рече дека нашето членство во НАТО е од решавачка важност за стабилноста и напредокот на регионот, при што и честиташе на Шекеринска на нејзиното, како што рече, лидерство и визионерство во остварувањето на стратешките цели на државата.
Шекеринска истакна дека успехот со членството во НАТО е резултат на силна политичка храброст, 30-годишна напорна работа, но и на постојана поддршка од пријатели како САД. “Ви благодарам што верувавте во нас”, рече министерката.