ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анкета на „Брима“: Речиси 75 % од граѓаните планираат да гласаат на локалните избори

September 20, 2021 12:47
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред официјалниот почеток на кампањата за октомвриските локални избори, резлтатите од редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во земјава, покажуваат дека 44,2 отсто од граѓаните „многу веројатно“ дека ќе излезат на гласање, а 30,5 проценти дека „веројатно ќе излезат“.

Како што пренесува „Слободен печат“ и во оваа анкета најпопуларен политички лидер во земјава е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој со своите 11,8 проценти од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ужива 7 отсто популарност. Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, каде лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 5,9 проценти и првиот човек на БЕСА, Биљал Касами со 4,4 отсто го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села од Алијанса за Албанците со 4,1 отсто и Африм Гаши од АЛтернатива со 0,4 проценти.

Општо земено, сите наши политички лидери ја немаат моќта на поопшто обединување на граѓанството, заклучуваат авторите на истражувањето.

Кога станува збор за натпартиската функција на претседателот на државата Стево Пендаровски, за него расположението е релативно порамнотежено: тој одредена „благонаклонетост“ предизвикува кај 40 проценти од анкетираните, наспроти 56,5 отсто „неблагонаклонетост“. Тоа е многу слично со комбинираниот скор на министерот за здравство Венко Филипче за кого „благонаклон став“ изразиле речиси 41 проценти од анкетираните, а скорот кај оние кои „неблагонаклоно“ гледаат на него и неговата работа е нешто над 56 отсто.

Според анкетата, доколку парламентарни избори се одржат сега, за СДСМ би гласале 19,5 проценти од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5 отсто. За ДУИ се определиле 7,2 проценти, а за Алијанса за Албанците 6 отсто. За Движењето БЕСА и за Левица по гласале по 4,7 отсто, последна на листата со рејтинг од над 1 процент е ДПА, за која би се изјасниле 1,1 процент од анкетираните. Сите други партии имаат подрршка под 1 процент.

Барометарот покажува и дека 3,7 проценти од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат или „ќе пуштат неважечко ливче“ на изборите, други 12,7 отсто сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат, дека нема да гласаат се изјасниле 9,3 отсто анкетирани, 3,7 отсто не знаат дали ќе гласаат, а оние кои одбиле да одговорат на ова прашање се 7,3 проценти од испитаниците.

На прашањето „Генерално земено, дали мислите дека работите во нашата земја се движат во правилна или погрешна насока?“, близу две третини од испитаниците или 62 проценти насоката ја оценуваат како „погрешна“, додека за една третина или 31,5 проценти насоката на движење е „правилна“. Останатите немале став или не сакале да го кажат.

Запрашани, гледано една година наназад, „Дали сметате дека економската ситуација во вашето домаќинство е подобра, речиси иста или полоша отколку пред една година?“, за 11,9 проценти состојбите се „подобриле“, за речиси половина од испитаниците или 48,9 отсто состојбите се „исти како и лани“, а за 35,8 проценти ситуацијата „се влошила“.

Што се однесува до рангирањето на главните проблеми со кои се преокупирани анкетираните, од добиените анкетни податоци е очигледна тенденцијата граѓаните високо на првите места да ги третираат социјалните и економски теми. Со значајно заостанување во рангирањето, следуваат проблемите од сферата на нискиот квалитет на државните услуги, распростанетоста на корупцијата и криминалот и иднината на младите.

Во анкетата, долгиот низ на политичките проблеми, како што е општата политичка ситуација и „зачувувањето на македонската држава“ или можноста од бегалска криза, проблемот со Бугарија, меѓуетничките односи, протестите и контра-протестите, се далеку вон фокусот на грижите на анкетираните. Во темите кои се нискорангирани се и проблемите со состојбата во животната средина и екологијата.

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во земјава во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок според методот лице-в-лице во домот на испитаникот со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од над 18 години, со која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8 отсто. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски: Сега е време преку капиталните инвестиции директно да се помагаат фирмите

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk