ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Стартува проектот за унапредување на дигитализацијата во земјава

September 20, 2021 11:58
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, официјално е означен на средба на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од американската Амбасада во земјава.

Како што информираат од Секретеријатот за европски прашања, на средбата биле реафирмирани целите на проектот и биле прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласил важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодарил за партнерството и поддршката со кои се унапредува принципот на добро управување.

– Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобри квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето на услуги за граѓаните, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите, но, воедно, е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Северна Македонија, изјавил Димитров, пренесуваат од СЕП.

Овој проект претставува прва трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Естонија и Соединетите американски држави, насочено кон поддршка на процесот на приближување кон европските стандарди и напредок во европската интеграција.

Дополнуваат дека во рамки на посетата, претставниците од Естонскиот центар за меѓународен развој ќе остварат средби со повеќе институции, меѓународни донатори, претставници од приватниот и граѓанскиот сектор кои се активни чинители во областа. Целта на овие средби е мапирање на состојбите во врска со дигитализацијата на процесите и услугите, како појдовна точка за понатамошно спроведување на проектот, а во петок, 24 септември, ќе се одржи и прес-конференција за претставување на проектните цели и активности./МИА/.

Next Post

Пладневен преглед: Заев пред Мицкоски, СДСМ пред ВМРО-ДПМНE - истражување на„Брима“, на рапорт клукајдрвците од Фејсбук и Твитер

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk