ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР забрзано работи на трансформација на македонскиот стартап еко систем

September 22, 2021 12:56
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Дигиталната трансформација е неопходен чекор кој мора да го преземеме за да имаме успешни претприемачи, иновации и развој на стартап екосистемот, и затоа Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во изминатиот период презема конкретни чекори кон побрза дигитална трансформација на јавните услуги, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров на „2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe“, кој денеска и утре се одржува во рамки на Глобалниот форум за иновации ITU 2021 година, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија.

На панел дискусијата насловена „Постигнување на приоритетите за регионален развој преку дигитална трансформација“, на која учествува и Валерија Јонан, заменик-министер за евроинтеграција во Министерството за дигитална трансформација на Украина, Милена Липовина Божовиќ, државен секретар во Министерство за економски развој на Црна Гора, Флоренса Хаџи, генерална директорка на Единицата за развојни програми и соработка во Кабинетот на премиерот во Албанија и Ани Вашакмадзе, раководител на одделот за меѓународни односи и односи со донатори во Грузиската агенција за иновации и технологија, Петров ги презентираше и активностите на Фондот во насока на позиционирање на Р.Северна Македонија како регионален стартап хаб.

– Имено, Националниот стартап совет веќе подготви Предлог-мерки за забрзан раст на македонискиот стартап екосистем кои ќе бидат официјално презентирани на почетокот на октомври. Освен тоа, ФИТР во моментов интензивно работи на формирање на Инвестициски фонд кој до крајот на годината ќе и биде презентиран на јавноста, информираат од прес-службата на ФИТР.

На учесниците на панелот, како што посочуваат, Петров им ја презентираше и Програмата за корпоративна иновативност, како и инвестииците кои се прават во рамките на новите јавни повици за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција и дигитализација на картотеките при Интитутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почетокот на новата академска година ги поттикна студентите да се вакцинираат во голем број

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk