Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19. Оздравени се 416, а починати се 16 лица.
-Најголем број позитивни случаи регистрирани се во Скопје – 232, во Куманово се регистрирани 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по едно лице, информира Министерството за здравство.
Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по едно лице.
Починале 16 лица, од кои осум од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), три лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
-Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 14 до 20 септември 2021 година. Овие починати лица се: по двајца од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои три лица починале во болнички услови, додека три лица се починати во домашни услови, соопшти Министерството.
Направени се 3.747 тестови преку: ИЈЗ-363, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–74, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Авицена-168, Биотек-290, Систина-77, лабораторија Лаор-176, Синлаб-30, Ремедика-31, Плодност–64, Генеа-16, Никоб лаб-350, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-64, Ројал Медика –26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.409.
Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.113 бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.