ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почетокот на новата академска година ги поттикна студентите да се вакцинираат во голем број

September 22, 2021 13:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Филип Крстевски, запишан во прва година на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска прими прва доза од „Фајзер“ на пунктот отворен на кампусот на УКИМ зашто, вели, сака да е подготвен и заштитен за академската 2021/2022 година што ќе почне идниот петок.

-Се вакцинирав за да може да ги следам предавања со физичко присуство бидејќи така е најубаво, рече за МИА бруцошот од Скопје кој пунктот треба повторно да го посети за втора доза во средината на идниот месец.

За да им се олесни пристапот за имунизација на студентите, од 9 септември профункционира пункт на Скопскиот универзитет, сместен до влезот на Економскиот факултет. Во секој работен ден од 8 до 14 часот, покрај за студенти, отворен е и за сите со намера да се вакцинираат. Може да избираат меѓу „Фајзер“ и „Синовак“.

Од медицинскиот тим во пунктот велат дека откога е отворен, вакцина примиле околу 70 лица, во некои денови имале и по 15, а понекогаш покрај студенти се вакцинираат и нивни родители, па и случајни минувачи.

-На почетокот немаше многу интерес, но не беа доволно информирани. Пратен е мејл до сите студенти и сега сите се известени. Досега имаме вакцинирано околу 70, во просек од 10 до 15 дневно, изјави д-р Ангела Димитриевска.

Различни се мотивите на тие што дошле да примат вакцина, но повеќето, вели, за да може да влезат во кафулиња и ресторани каде што се бара сертификат за вакцинација.

-Но, има и кои сакаат да го заштитат своето здравје, за да не им пренесат на домашните и за да се вратат на настава со физичко присуство во клупите, додаде д-р Димитриевска.

Вакциналниот пункт на Универзитетот го посетивме со Ева Цветковска, претседателка на Универзитетското студентско собрание (УСС) на УКИМ, која нагласи дека не треба да има забуна дека со отворањето на пунктот вакцината е задолжителна за студентите, но апелира до своите колеги да се имунизираат и да се заштитат од вирусот КОВИД-19.

-Кога дознаа за отворање на пунктот, ќе се собираа на протест против присилна и задолжителна вакцинација. Нема такво нешто. Вакцинирањето е доброволно и го помага процесот на имунизација за да може ние, генерално, да се придвижиме кон физичко присуство ако поголем број студенти се вакцинирани. Но вакцината не е задолжителна, изјави Цветковска за МИА.

Новата академска 2021/2022 година на 1 октомври ќе почне комбинирано за студентите на Скопскиот универзитет, односно предавањата од зимскиот семестар ќе се следат со физичко присуство и онлајн. Невакцинираните ќе немаат обврска од сертификат за вакциниа, ниту потврда за ПЦР-тест.

Во отсуство на протоколи за високото образование, за наставата со физичко присуство ќе важат генералните мерки што се применуваа и во минатата академска година за организирањето на испитните сесии – носење заштитни маски и физичко растојание. Обврска за медицински потврди засега нема ни за сместување во студентските домови.

извор: МИА

Next Post

Денеска преку Ковакс механизмот ќе пристигнат над сто илјади вакцини Фајзер

НАЈНОВО

Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk