ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Законот за употреба на јазиците останува ист и никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани

September 22, 2021 13:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Законот за употреба на јазиците, правата на Албанците и на помалку бројните заедници апсолутно остануваат исти и тоа никако не се менува во зависност од севкупната бројка на попишани, во зависност од резиденти или нерезиденти и тука сме на чисто, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарско прашање кои податоци кои произлегуваат од пописот ќе се користат како основа за креирање на државните економски и социјални политики, конкретно кога станува збор за правична етничка застапеност и користењето на јазиците.

Истакна оти пописот нема да доведе до ретроградни процеси. Уставот, вели, е јасен, законите се јасни и продолжуваат да важат и тука треба да бидеме сите спокојни.

Основно, како што рече Заев, е да знаеме вкупно колку државјани имаме и граѓани, колку се надвор и колку се тука во државата, а врз основа на тие параметри ќе се димензионираат сите економски, социјални, културолошки и други ресурсни политики, како политики на развој и раст.

– Во делот на економските и социјалните политики, тоа што ќе се промени е во делот ако се испразнило некое село и не живеат повеќе луѓе во селото, тие пари ќе се пренасочат да можат да бидат за развој на друго село или на градот. Секако се однесува на резидентните во делот на економските политики, но секојпат корективот што треба да го знаеме – нашата дијаспора може буквално утре да се врати дома, односно кога сакаат. Тоа се наши граѓани, наши државјани, имаат наши македонски пасоши и лични пасоши и секако живеат една година или повеќе надвор од државата, но тоа не значи дека гарантирано трајно дека ќе останат во државата, може теоретски утре да се вратат, посочи Заев.

Според него, тоа е променлива категорија.

– Знаете дека за време на првиот и вториот бран на пандемијата голем број на граѓани се вратија и се уште се тука, останаа. Се надевам и дека ќе останат трајно да го димензионираат својот живот, додаде Заев.

извор: МИА

Next Post

Не е коректно да се блокираат закони во Собранието, констатираше премиерот

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk