ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Нови добро платени работни места со инвестицијата на „Филип Морис“

September 23, 2021 14:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Педесет нови млади лица ќе бидат вработени во центарот за грижа на корисници на „Филип Морис“ кој од „Телеперформанс“ од Атина се префрла во Скопје.

Станува збор за модерен центар за корисничка поддршка во кој веќе работат 300 лица, а бројот на вработени ќе се зголеми за уште 50. Просечната плата е околу 700 евра што е над просекот во земјава.

– Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и да се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата, рече главниот извршен директор на „Телеперфоманс Германија задолжен за македонската филијала Михел Шмит на денешната промоција во Скопје.

За премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот, ваквите инвестиции на интернационални компании кои веќе работат во земјава, се потврда дека деловната клима нуди можност за раст и развој на приватниот сектор.

– Глобалните компании како „Филип Морис Интернешанл“ вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Развиен приватен сектор значи развиена држава и затоа со низата мерки кои ги спроведуваме даваме стимул на компаниите да вработуваат млади кадри и да вложуваат во нив. Токму тоа е основниот мотив за еден млад човек да остане во една компанија и во земјата, рече Заев.

Најави дека Владата останува посветена на развојот на поволна бизнис клима во земјава и ги охрабри компаниите да продолжат да инвестираат во земјава.

„Филип Морис Интернешнал“ влезе на македонскиот пазар во 2014 година кога го презеде Тутунскиот комбинат во Прилеп.

– Поставивме заедно нови стандарди и и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјава. Од една страна, Тутунскиот комбинат Прилеп постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна „Филип Морис“ го комерцијализираше IQOS, иновативен уред го кој загрева но и го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад, рече генералниот директор на „Филип Морис“, Иван Костиќ.

извор: МИА

Next Post
Фото: МИА

Неколку отворени прашања пред нацрт верзијата на законот за потекло на имотот

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk