ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани

September 24, 2021 16:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Засега нови рестриктивни мерки или некои препораки нема да има освен тоа што сега е како критериум за влез на настани, угостителски објекти и се бара најмалку една доза вакцина. Од средината на октомври ќе има мерка со која ќе може да функционираат само целосно вакцинирани граѓани, истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на Канал 5 телевизија.

Посочи дека станува збор за мерка која ја воведуваат сите земји во Западна Европа и за патување, за влез на граници, настани, угостителски објекти итн.

– Тоа што сега следиме и според што се водиме се препораки на меѓународни тела, искуства од некои други земји од Западна Европа, САД, Канада итн. и тука се јасни препораките дека постарите граѓани, тие кои сакаме да ги заштитиме затоа што тие имаат и најголем број хронични болести се таа категорија граѓани кои после шест месеци од примена втора доза вакцина ќе можат да примат трета вакцина. Повеќе студии во светот укажуваат на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста односно дека е на некој начин буст на имунитетот кога ќе се прими и трета доза. Затоа сега почнуваме со граѓаните постари од 60 години, понатаму сите здравствени работници без оглед на возраста, а тоа е така поради тоа што тие се најмногу изложени на ризик да заболат и без оглед на возраста и пациентите кои имаат некаква форма на имунокомпромитација, рече Филипче.

Целта е, појасни министерот, да имаме што поголем процент на опфат со вакцинација кај нашето население, кое сега е околу 37 проценти на тоталната популација.

– Граѓаните над 40 години се вакцинирани над 50 проценти, меѓутоа сега интересот е на некој начин спласнат. Можно е во следниот период согласно новите препораките така како што ќе излегуваат и од регулаторните тела и исксуствата од другите земји и од студиите кои ќе излегуваат, да препорачаме трета доза и за други категории граѓани. Вирусот се шири најмногу кај невакцинираните граѓани. Над 86 проценти од сите новодијагностицирани, тие пациенти кои се во болница се невакцинирани. Огромен број смртни случаи се кај невакцинираните. Граѓаните мора да сфатат дека ова е единствениот начин да ги нормализираме животите, да се растовари здравствениот систем, а тие да го заштитат своето здравје, истакна Филипче.

Во врска со училиштата, потенцира дека тоа што го подготвуваат е на еден начин скрининг, имајќи предвид дека можно е децата да се и асимтоматски преносители на вирусот.

– И во таа смисла сега правиме план и со директорите на центрите за јавно здравје, на здравствените домови, кадарот, начинот на кој тоа ќе се направи, како да обезбедиме доволна бројка деца кои ќе се тестираат во сите училишта во сите градови, за да имаме еден пресек на состојбата врз основа на што можеби ќе пресретнеме и некој случаи кои се асимптоматски па ќе може да носиме некакви мерки и препораки. Дотогаш останува препораката дека согласно тоа дека има малку заболени деца тешко е да се каже дали има трансмисија во училиштата заради тоа што децата и после часовите често комуницираат, се дружат, одат на спортови итн, препораките остануваат исти, рече Филипче.

Во врска со незадоволството на хирурзите во Градската општа болница „8 Септември“, кои тврдат дека немале услови за работа, рече дека намален бил обемот на работа во сите јавни здравствени установи вклучувајќи ја и таа болница, заради тоа што голем дел од кадарот бил во систем на ротација се третираат пациенти со Ковид-19.

Посочи дека разговарал со директорот на ГОБ „Септември“, ги искомуницирале лекарите кај кои има незадоволство заради начинот на работа.

– Дефинитивно има механизми сето тоа да се измени. Во текот на денешниот ден ги очекувам на состанок за да ги решиме сите проблеми. Верувам дека сето тоа ќе се реши и нзадоволството ќе спласне, додаде Филипче.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нано Ружин

Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

June 17, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со ВИ

Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

June 17, 2025

Заев кон Ципрас: Во ова време на војни и хаотичен свет среќен сим што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk