ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис од ОН: Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан

September 25, 2021 10:16
in ДЕНЕС, РЕГИОН

На сите актуелни теми, од пандемијата до климатските промени, односно како што рече климатската криза, од односите со Турција и кипарското прашање до ЕУ перспективата на Западен Балкан, се задржа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис кусо се осврна на регионот, истакна дека Грција секогаш беше активен поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан како средство за повеќе просперитетна, стабилна и демократска иднина на регионот и порача дека време е Европската Унија да го испорача ветеното.

-По усвојувањето на солуснката агенда во 2003 година европската перспектива беше движечка сила за реформи, демократизација и промена. Но да бидеме искрени, исто така постоеше и замор и разочарување. 18 години е долго време.  За неколку дена, Самитот ЕУ- Западен Балкан ќе се одржи во Словенија. Да не ја испуштиме можноста да го искористиме Самитот за да се направи смел чекор напред. Време е Европската Унија да испорача, рече Мицотакис.

За односите со Турција, грчкиот премиер повтори дека Грција е посветена на законите и принципите на меѓународното и морското право, секогаш во согласност со повелбата на ОН.

-Дозволете ми да истакнам дека повелбата на ОН е таа што забранува употреба или закана со сила. Меѓутоа, од 1995 година Грција се соочува со формална, редовно обновена и јасно незаконска и неприфатлива закана за употреба на сила од страна на Турција, она што е познато како „casus belli, истакна Мицотакис.

Додаде дека Грција секогаш ја поддржува потребата да постојат отворени канали на комуникација и соработка меѓу двете земји, меѓутоа она што се случи лани кога „непотребно и без провокација, Анкара ги подигна тензиите, со заканувачка конфронтација меѓу два НАТО сојузници, не смее да се повтори“.

Порача дека Грција ќе продолжи да ги заштитува суверенитетот и суверените права на нејзината територија, во море, на копно и во воздушниот простор, но и истакна дека има визија за Источниот Медитеран, наместо да се водат битките од минатиот век за јаглеводороди, треба да се здружат силите за соработка против новите заеднички непријатели: климатската криза, која подеднакво влијае на двете земји, но и за заканата од нелегалната миграција.

-Има многу работи што нашите две земји можат да сторат заедно. Предодредено ни е од историјата и географијата да коегзистираме. Во наш заеднички интерес е да го сториме тоа мирно и просперитетно, истакна Мицотакис.

За кипарското прашање рече дека е помалку оптимист, потенцираше дека Грција останува целосно посветена во поддршката на напорите на генералниот секретар на ОН за решение, врз основа на бизонална, федерација на две заедници, со политичка еднаквост, единствен суверенитет и едно државјанство и посочи дека „секој разговор за решение на две држави е едноставно неприфатлив“.

Грчкиот премиер, говорот го започна со пандемијата, споменувајќи ги активностите на ниво на ЕУ, како за поделба на вакцините, така и за справување со последиците, а се осврна и на другото големо прашање – климатските промени и истакна дека веќе станува збор за прашање на климатска криза.

-Нашиот колективен одговор за Ковид-19 ги премина границите и докажа дека, кога светот требаше да стане и да застане заедно, навистина може да се соочи со глобалните прашања. Нашиот колективен одговор на климатската криза мора да го стори истото, рече Мицотакис.

Next Post
Michael Leunig

Вечната мантра - Ние и тие

НАЈНОВО

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk