ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

СЕФ – Скопје: Прогресивни лидери за праведна и зелена трансформација на земјите од Западен Балкан

September 25, 2021 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот Социо-еколошкиот форум денеска во Скопје ги седна на иста маса  регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари. Дискусиите се фокусираат на чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан. Целта е да се трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија.

Првиот панел насловен „Европски зелен договор и зелената агенда на Западен Балкан“ започна со воведни обраќања на Зоран Заев,  претседател на СДСМ и премиер на Северна Македонија и Албин Курти, претседател на ЛВВ и премиер на Косово.

Премиерот Зоран Заев истакна дека во двата мандати на македонската влада предводена од СДСМ, почнувајќи од 2017 година, целта е да се постават енергетските политики во Северна Македонија на стабилни и долгорочни основи базирани на чиста и зелена енергија за да се овозможат услови на раст на економијата во земјата, здрава животна средина и нови работни места.

„Еден од основните принципи на Владата е тоа што е зацртано во стратегиите и плановите, бргу да биде претворено во конкретни акции. Токму поради ова донесовме нова легислатива услогласена со европските директиви, како нов начин на поддршка на фотонапонските централи и во ветерниците. Тоа веднаш беше препознаено од страна на домашните и странските инвеститори, кои веќе ја завршуваат изградбата на истите“ нагласи премиерот Заев. Во продолжение тој исто така кажа дека една од најважните работи со ваквите инвестиции , освен подобрување на квалитетот на живот на граѓаните е и отворањето на нови работни места.

Премиерот на Косово и претседател на ЛВВ , Албин Курти кажа дека борбата со со климатските промени е важна, не само за нас и идните генерации, туку и за опстанокот на планетата Земја. „Немаме избор. Мораме да дејствуваме денес, иако може да ни се чини дека е тешко. Големи природни катастрофи ни покажуваат дека еколошкиот систем не може да се третира независно од нашиот економонски систем. Потребен ни е нов одржлив економски модел што ги носи нашите земји кон еколошки и економски прогрес“ истакна премиерот Курти.

Во вториот дел од панелот „Европски зелен договор и зелената агенда на Западен Балкан“  на дискусијата се приклучија и Аднан Дибрани, пратеник во Парламентот на Шведска од Социјалдемократксата партија на Шведска и Кнут Флекенштајн, специјален советник за Западен Балкан на Партијата на европски социјалисти. Отворена беше дискусија за тоа каква улога има ЕУ во декарбонизацијата на Западно Балканските економии и дали и како владите и граѓаните на Западен Балкан можат да извлечат корист од зелениот договор на ЕУ.

„Навистина ни е потребна трансформација во чиста економија слободна од фосилни горива. Социјалдемократите ја имаа првата климатска конференција пред 50 години во Стохлом, овој проблем не е ништо ново, но навистина бавно се одвива. Технологијата е на наша страна, има доволно финансиски средства, но најчесто погрешно се распределуваат кон емисија на штетни стакленички гасови. Затоа мора да направиме нешто во таа насока, сега, пред да стане предоцна“ – потенцираше Дибрани, пратеник во шведскиот парламент.

Потоа се обрати Кнут Флекенштајн, специјален советник за Западен Балкан на ПЕС, кој подвлече дека:  „Имаме добри идеи и добри луѓе кои се залагаат за оваа зелена транзиција на Западен Балкан. Сепак, да се биде дел од оваа трансформација е добро, но да се биде зелен и невработен не е.“

„Некогаш слушаме обвинувања дека не сме доволно брзи, но ако не се грижиме и за социјаните последици, не може да кажеме дека наша политика е социјалдемократска. Не можеме да ги затвориме сите рудници за јаглен, сега и веднаш. Да, ќе добиеме почист воздух, но илијадници семејства ќе останат без работа и нема да можат да ги нахранат своите деца, тоа не е во духот на социјалдемократијата. Затоа мора да ги споиме овие да света и да продолжиме по тој пат.“

Јоана Јуселиус, посебен советник за климатски промени во Владата на Финска

За состојбата во Финска говореше, Јоана Јуселиус, посебен советник за климатски промени во Владата на Финска, која рече дека според проценките на финската влада, Финска ќе биде јагленски неутрална до 2035 година, но сепак ќе го задржи статусот на социјална земја.

„Она што можеме ние како Влада да го направиме е да ја следиме ситуацијата за јавниот транспорт, да овозможиме инфраструктура за граѓаните да можат да возат електрични автомобили. Ова не може да го направи само еден човек, ова е мешавина на повеќе акции коишто ќе нè доведат до нашата цел, истото го гледаме со енергетскиот сектор“ рече Јоана Јуселиус.

Во текот на денот на СЕФ Скопје следат уште два панели „Зелената економија како двигател за социјална иновација“ и  „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“

Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk