Oфицијално започна кампањата за претстојните локални избори, на кои СДСМ и Коалицијата влегуваат како апсолутни фаворити.
„На самиот нејзин почеток, уште еднаш сакам да потенцирам дека ќе водам позитивна и фер кампања, со почитување на политичките противници, но со силна верба во себе и во кандидатската листа за советници.
СДСМ и Коалицијата се најдобрата опција за Прилеп и затоа на 17 октомври ќе извојуваме голема сенародна победа и ќе продолжиме да го градиме европски Прилеп, како дом за сите негови граѓани“, напиша на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.
На денешната прес конференција Сугарески ја претстави изборната програма.
„Најдоброто за Прилеп, е концепт од граѓаните за граѓаните. Стратегија за развој на нашата општина, која ја базираме на потребите на граѓаните, на нивните идеи и размислувања за сето она што e најдобро за градот и населените места.
Во таа насока, приоритетните проекти од мојата изборна програма се:
– Уредување на влезовите во градот;
– Булеварски решенија на главните сообраќајници, реконструкција и изградба на патната инфраструктура и нови паркинг места;
– Кружен тек кај новата автобуска станица;
– Уредување на Градска река-Дабнички“, рече Сугарески.