Зелениот чај помага во спречување на појава на повеќе болести, меѓу коишто и мозочен удар и некои видови на рак, смета јапонскиот научник, д-р Аичи Фукушима, за „Нихон Кејзаи“.
Според лекарот, последниве години бројот на епидемиолошки испитувања посветени на овој производ е значително зголемен.
– Со Мета-анализа за 2021 година, комбинирајќи и анализирајќи ги резултатите од неколку трудови, потврдено е дека потрошувачката на зелен чај е поврзана со намалена опасност од развој на многу широк спектар на болести, вклучително и одредени видови на канцер, како што се рак на ендометриумот, белите дробови или на јајниците. Тој е корисен и за срцевите болести и спречува мозочен удар, вели Фукушима.
Според него, ова се должи на присуството на катехини, кои се наоѓаат во големи количини во зелениот чај.
– Полифенолите во зелениот чај се нарекуваат чајни катехини. Тие имаат силно антиоксидантно дејство, вели тој.
Фукушима, исто така, образложи дека чајните катехини ја зголемуваат активноста на ензимите вклучени во распаѓањето и согорувањето на маснотиите, што го олеснува користењето на мастите како енергија. Според разни теории, катехините и теанинот содржани во зелениот чај ја намалуваат и веројатноста за заразување со вируси на грип.
извор: МИА