ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК: Нашата позиција не е сменета, почеток на преговори со Скопје и Тирана во декември

September 28, 2021 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската Комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел.

На претседателката на Европската Комисија утрово во Тирана и беше поставено прашање за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на кое таа одговори дека Албанија ги исполни сите услови за одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека се прави сѐ за да се надминат пречките.

Овој одговор предизвика конфузија кај дел од новинарите околу тоа дали има промени во ставот на Европската Комисија и дали ова значи дека оваа институција би прифатила Албанија да оди напред ако Бугарија продолжи да ја блокира Северна Македонија.

На редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, денеска, портпаролите ја прецизираа оваа изјава.

-Претседателката турка за одржување на Меѓувладина конференција за Албанија и за Северна Македонија пред крајот на оваа година, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Таа истакна дека нема промена во ставот на Европската Комисија по ова прашање.

-Претседателката ја изрази својата посветеност кон процесот на зачленување на Западниот Балкан во ЕУ и таа изрази желба и намера да работи за отворање на Меѓувладината конференција, нема промена, рече Спинант.

Портпаролката за проширување, Ана Писонеро, запрашана дали има напредок во надминување на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија рече дека еврокомесарот Оливер Вархеји е ангажиран во процесот.

-Комисијата зборува со двете страни, комесарот Вархеји ќе отпатува утре во Северна Македонија и ќе се сретне со премиерот Заев, и ја посети Софија минатиот вторник. Комисијата продолжува да разговара со сите релевантни страни и ќе продолжи да работи на заедничката цел за напредување со двете земји, рече Писонеро.

Еврокомесарот Вархеји, рече таа, исто така, стои на ставот дека треба со двете земји да се оди напред кон усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, но, дека за тоа треба согласност од сите земји членки на ЕУ претходно.

Next Post
Фото-монтажа: РИБАРО

Арсовска ветува бесплатен автомобил Ауди Е-трон за секој скопјанец и Милка чоколадна куќа за секое семејство

НАЈНОВО

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025
Фото: Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга

Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk