ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога ревизионистите маршираат во МАНУ

Штета што, од објективни причини, во оваа прилика во МАНУ физички не можеше да им се приклучи и Никола Груевски, а е вистински пропуст на организаторот на овој собир што претседателот на МАНУ, г. Коцарев, не се сетил да му понуди барем на ЗУМ на Груевски да се вклучи и да придонесе во објективната реминисценција на последните 15 години од македонската државност. Сигурен сум дека и тој би имал многу релевантни аргументи за оценка на „денешните политичари“.

September 28, 2021 09:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Ретка е можноста, на едно место и во исто време, да се собере „кремот“ на политичкиот ревизионизам и реакционизам во Македонија, како што е (првиот ден од) дводневниот собир во МАНУ за „Современата македонска држава – две етапи во нејзиниот развој: 1941-1991/1991-2021 година“.

Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ (инженер по професија, но амбициозен историчар-аматер со години наназад), за да немаме дилеми во тоа што следува, уште на почетокот ја постави целта во агендата на конференцијата: „Денешните политичари се слуги на дневно-политичките и геостратешки интереси, а не на државотворните интереси што денес заеднички ги славиме.“

Потоа, меѓу првите говорници на конференцијата, со свои обраќања се вклучија и двајцата некогашни претседатели на државава, господата Црвенковски и Иванов, кои елоквентно ја експандираа тезата на Коцарев во многу повеќе депресивни детали, за дури актуелниот претседател Пендаровски со својот настап да се обиде да го врати балансот на историските и актуелните проценки за комплексните предизвици со кои се соочувала Македонија во изминатите 30 години и „денес“.

Штета што, од објективни причини, во оваа прилика во МАНУ физички не можеше да им се приклучи и Никола Груевски, а е вистински пропуст на организаторот на овој собир што претседателот на МАНУ, г. Коцарев, не се сетил да му понуди барем на ЗУМ на Груевски да се вклучи и да придонесе во објективната реминисценција на последните 15 години од македонската државност. Сигурен сум дека и тој би имал многу релевантни аргументи за оценка на „денешните политичари“.

На списокот говорници недостасуваа покојните Глигоров и Трајковски и, првиот ден, сѐ уште активните Стојан Андов и Љубчо Георгиевски – Андов и Георгиевски изминатиов месец имаа доволно јавни обраќања за да ги искажат своите критички опсервации за изминатите 30 години и, колку што следев, многу пообјективно и поизбалансирано го кажаа она што го мислат и за минатото и за иднината на државата.

Вака, Груевски е отсутен, Коцарев е небитен, Иванов е апсолвиран долго пред да го заврши својот претседателски мандат, а Црвенковски својата катастрофична рефлексија ја сведе на неколку поенти: Македонија е корумпирана, внатрешно конфронтирана и држава која живее на кредити, без функционална правда и со партиите како извор на повеќето општествени „зла“. Сето тоа не е од вчера. Прилично напротив.

Бидејќи, „денешни политичари“, помалку виновни, а многу должни, секој колку што знае и како умее, се обидуваат да ги исправат наследените состојби чии втемелувачи се токму погоре спомнатите дискутанти. Што мисли граѓанството за напорите, на пример, на Заев и Мицкоски за справување со проблемите, речиси секоја година 3-4 години наназад го проверуваме на избори, едни следуваат веќе за две-три недели – какви и да се резултатите, тие се во добар дел „кумулација“ и на претходните 25 години владеење во Македонија.

Нема во овие говорници со изминат „рок на траење“ државнички капацитет од кој нацијата може многу да научи. Среќа е што Македонија во својата историја покажала отпорност и во потешки времиња и знаела да ги надживее своите лоши политичари. Да се надеваме дека ќе се видиме и на прославата на 50 години од самостојноста, со подобар состав на своите тогашни лидери.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post
Kандидати за градоначалник на Општина Шуто Оризари, Асан Ферат – СДСМ, Тефик Махмут – Левица и Курто Дудуш – коaлиција ЛДП-ДОМ. Фото: Цивил Медиа

(ВИДЕО) Жестока дебата меѓу Дудуш, Ферат и Махмут кандидати за градоначалник на општина Шуто Оризари

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk