Професорката Мирјана Најчевска на социјалние мрежи го искритикува говорот на поранешниот претседатела, Бранко Црвенковски кој имаше критичен и остар настап во МАНУ. Тој го повика и актуелниот шеф на државата Пендаровски, со кој седеше на иста маса да покрене иницијатива за постигнување национална платформа, која би ги дефинирала клучните проблеми и цели на земјата, со прецизни рокови за нивно надминување и исполнување.
На говорот, изреагира Најчевска, која го критикуваше Црвенковски.
„Ова е човекот кој ја внесе корупцијата на голема врата, го легализираше непотизмот, создаде услови за меѓуетнички конфликт, а негативната кадровска политика ја издигна на ниво на догма“, напиша таа.
„Јас сум длабоко уверен дека вака внатрешно конфронтирани, раскарани и замразени, неспособни ниту да седнеме на иста маса, а камоли за нешто да се договориме, немаме никакви шанси да ја направиме Македонија поуспешна, попросперитетна, посакувана во неа да се живее и во неа да се верува.
Земјава, рече Црвенсковски, е и држава која живее на кредити, и посочи дека во 2001 година бруто надворешниот долг (значи вкупниот долг, и на државата и на приватниот сектор) изнесувал 1 милијарда и 494 милиони долари, во 2011 пораснал на 6 милијарди и 271 милион долари, а денес, вели, во 2021 година „тој изнесува фантастични 11 милијарди и 545 милиони долари.
Во однос на процесот на приватизација и транзиција на општетството Црвенковски истакна дека големите аномалии настанаа во пост-приватизациониот период. Во многу претпријатија вработените под притисок и уцена, вели, во страв да не ги изгубат работните места ги отстапуваа своите акции по минимална вредност па дури и без пари на менаџерските структури.
„Едноставно, не создадовме ефикасен механизам за заштита на интересите на малите акционери и тоа беше голема грешка. Губењето на работните места во многу поголема мера се должеше на бројните стечаи отколку на приватизацијата. А стечаи имаше и заради субјективни слабости , но и поради објективни околности (изгубените пазари, блокадите, немањето на кредитна поддршка да се одржи производството и сл.).Во секој случај, се направија крупни грешки. Со денешниве сознанија и искуства, со оваа памет, сигурно дека многу работи јас лично би ги направил сосема поинаку. Но за жал, како во приватниот живот така и во политиката, времеплов не постои“, рече Црвенковски.