ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Во следните четири години ќе го решиме сообраќајниот хаос и Скопје ќе го добие забавниот парк

September 28, 2021 22:19
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Во следните четири години ќе го заокружиме целосно процесот за решавање на собораќајниот хаос во градот, во првиот мандат започнавме храбро, а во следниот ги завршуваме сите проблеми за Скопје да биде град без инфраструктурен проблем во следните 50 години, рече Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, на вечерашниот караван на СДСМ во паркот Ибни Пајко.

– Започнуваме да го пробиваме булеварот „Македонија“ познат како „Јужен булевар“, конечно ја поврзуваме Кисела Вода со Центар и со Карпош. Целосно го завршуваме булеварот Словенија, кој ќе води до Волково и до Ново Село, а ќе биде поврзан и со Општина Карпош со мостот на улица „Љубљанска“. Во центарот на градот ја градиме најголемата пешачка зона во Европа од стара Железничка до Бит Пазар, од Собрание до Палома Бјанка, целосно ќе го исчистиме градот заедно со општините затоа што изградивме инфраструктура во возила и потенцијал да можеме во наредниот мандат да понудиме на општините да влеземе пред секоја зграда и пред секој дом, нагласи Шилегов.

Истакна дека во следните четири години Скопје ќе го добие забавниот парк. Како што информира, проектот е готов, а тендерот е распишан.

– Најубавиот забавен парк во регионот, убедливо и еден од најубавите забавни паркови во Европа. Го одложивме лани само во интерес на заштита на интересите на Скопјани заради ковид кризата, нагласи Шилегов.

Потенцира дека тој и неговиот тим имаат реален и проверен план како тоа да биде реализирано.

– Успеавме. Скопје денес е една поинаква приказна. Скопје денес е подобро од пред четири години, покажавме дека знаеме поинаку, дека можеме подборо. Пред четири години ја почнавме оваа приказна барајќи промени, рече Шилегов, додавајќи дека никој од кандидатите не зборува веќе за аерозагадувањето во Скопје.

Воздухот, истакна, денес е далеку почист и затоа тоа, според него, веќе не е тема.

– Сите аналзи пикажуваат дека е тоа така. Оваа војна не е завршена, работа имаме уште, ќе продолжиме и понатаму. Покажуваме дека водиме грижа за јавниот интерес. Градските улици и булевари се градат и побрзо и поквалитетно и певитно од порано. Новата приказна за скопје е и приказна за град кој конечно се разбуди од сивилото и стана дури и во короната град на културата, се гради новата Универзална сала, додава Шилегов.

Се осврна на вчерашниот говор на кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, за која посочи дека е лош менаџер.

– Само лош менаџер може да нуди брзи решенија, добриот менаџер темелно планира и реализира, како што можевте да слушнете. Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје не е сопственост на ниту една партија, туку на граѓаните. Затоа не ги потценувајте Скопјани и нивната интелигенција, заклучи Шилегов, нагласувајќи дека ова не се избори на кои се определува само кој ќе биде градоначалник на Скопје, туку избори во кои се бира меѓу полтиката на континуитет или враќање назад кон лажните митови и криминалот.

 

Next Post

Брисел и Скопје очекуваат решение со Бугарија и почеток на преговорите до крајот на годината

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk