„Драги мои струмичанки и струмичани, мојата визија е јасна – општина препознатлива по силни економски параметри, пример за планирање и реализација на европски проекти, општина во која социјалната инклузија е секојдневие и во која младите гледаат потенцијал и светла иднина“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов на трибината „Најдоброто за нашата општина“.
Тој додаде дека Струмица ќе стане град препознатлив по спортски и културни настани, град што ќе значи иницијатор на регионални иницијативи за зближување и заеднички живот во сите сфери.
„Преку транспарентност и отчетност, со навремено делување и работа во сите сегменти ќе бидат третирани секојдненивте проблеми на граѓаните кои живеат во општина Струмица. Со еден ваков пристап и работна филозофија, со внимателно осмислена програма во која се опфатени сите аспекти и со мојот тим, верувам дека ќе бидеме премиер во управувањето и водењето на Струмица“ кажа Костадинов.
Кандидатот за градоначалник додаде дека од струмичани не бара глас за да владее, туку бара глас за да служи.
„Единствено што бараме од Струмица е верба во нашата искрена намера да ја водиме Струмица напред и да ја развиеме и изградиме во помодерна и поуспешна општина. Мојата младост нека биде гаранција за искрената намера“ кажа Костадинов.
„Мојата младост нека биде гаранција за искрената намера. Еден ден ќе прошетам овде без мандат и ќе треба да се погледнеме во очи со сограѓаните, да си кажеме добар ден. И еден ден кога ќе не нема нека нашите дела зборуваат за сегашната наша верба и работа“ кажа Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на општина Струмица од СДСМ на трибината „Најдоброто за нашата општина“.
Тој кажа дека сите во Струмица добро се познаваат кои се, што се и од каде се и кажа дека со чист образ ја бара поддршката од струмичани да им служи во следните четири години.
„За остварување на големи работи треба чиста мисла и несебично дејствување. Дванаесет месеци ќе работам со стоотстотен фокус на вас, на вашето секојдневие, на проблемите, на предизвиците, но и на успесите. Бројот 12 кој стои до моето име е и гарантот за посилна и поразвиена Струмица“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов на трибината „Најдоброто за нашата општина“.