ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинение против „лажна попишувачка“ од Скопје за шест тешки кражби

September 29, 2021 15:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен предлог против 35-годишна скопјанка која се товари за шест кривични дела „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетата, на 3 септември, на автобуска станица кај пазарот во населбата Ченто, се качила во автобус заедно со една жена на која и отстапила место да седне. Во разговор со оштетената обвинетата дознала дека се упатила кон билетарница на ЈСП за да ја надополи картичката за превоз и за да ја стекне нејзината доверба се понудила да и помогне. Заедно се симнале од автобус, а обвинетата и кажала на оштетената да седне на клупа и дека таа ќе оди до билетарницата да ја надооплни картичката. Забележала каде оштетената го чува паричникот, па се понудила да и ја земе торбата за да не и пречи и дека за кратко ќе се врати. По тоа, обвинетата ја зела торбата во која имало паричник со картичка и пари, во вкупна вредност од 7.250 денари и заминала во непознат правец, информираат од скопското обвинителство.

– На 8 септември, обвинетата дошла во куќа на улица „Кавадарска“ во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 15.315 денари. На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и лична карта и додека тие ги барале документите, им ги одзела паричниците во кои имало пари и банкарски картички. На тој начин од едниот дом одзела предмети вредни 1.900, а од другиот – 900 денари, додават од обвинителство.

Во куќата на друга оштетена, како што соопштија од Обвинителство, обвинетата на 14 септември се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 4.300 денари.

– На 21 септември обвинетата се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја фатила под рака наводно за да и помогне. Оштетената одбила, по што обвинетата ја замолила да и ги даде лековите од ќесето затоа што и таа ги пие истите, а немала пари да купи. Штом го отворила ќесето, обвинетата и го грабнала паричникот и се дала во бегство, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари, информираат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продллжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата. /МИА/.

Next Post

Денес се регистрирани 454 нови лабораториски позитивни случаи

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk