ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Семејството Ангелески од Демир Хисар задоволни од услугата помош и нега во домот, заслужено ги уживаат пензионерските денови

September 29, 2021 15:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети брачниот пар, Ангелина и Александар Ангелески, во Демир Хисар, кои се корисници на услугата помош и нега во домот на стари лица. Шахпаска по средбата посочи дека оваа социјална услуга придонесе за поквалитетен живот и спокојни пензионерски денови на брачните другари Ангелески кои зачекорија во деветтата деценија од животот. За семејството веќе два месеци се грижи негувателка која им помага во  набавката на лекови и храна, одржување на хигиената во домот, им помага при прошетките и употребата на електронски уреди.  Во Демир Хисар услугата помош и нега во домот ја даваат седум негувателки кои се грижат за 21 корисник над 65 години.

„Како Министерство за труд и социјална политика заедно со нашите партнери успеавме да го постигнеме она што се залагавме – нашите родители, роднини и пријатели да имаат квалитетен живот и спокојни денови во нивната старост. Степенот на развој на едно општество се мери според тоа каква е грижата за лицата од ранливите категории. Денес видов дека сме ја постигнале целта бидејќи  корисниците се задоволни затоа што со помош на оваа услуга во нивниот дом заслужено ги уживаат своите пензионерски денови. Општините во реализацијата на социјалната реформа дадоа важен придонес бидејќи тие најдобро ги познаваат своите граѓани и нивите потреби. Токму ваквата соработка на централната и локалната власт придонесе да имаме двоен ефект, бидејќи освен задоволни корисници создаваме и нови работни места. На овој начин го подигнуваме квалитетот на животот на граѓаните, го зајакнуваме човечкиот потенцијал и создаваме услови за развој на општините“, рече Шахпаска.

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски посочи дека со вклучување на општините се обезбедува поголема функционалност на услугите, но и поголем опфат на лица, што е крајна цел на социјалната реформа.

Новата социјална услуга помош и нега во домот е во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, што го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка и има за цел да го подобри и одржи здравјето на корисникот во неговото семејно окружување преку  помош во извршување на активности од секојдневниот живот.

Во рамките на проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика поддржани се 19 проекти во 24 општини. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Проектот е еден од инструментите на поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа.

Next Post

Меркел му ја честиташе изборната победа на Шолц

НАЈНОВО

Фото: Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга

Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

August 27, 2025

Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација

August 27, 2025

ДКСК не констатираше неправилности при назначувањето блиско лице на премиерот за државен советник во министерство

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk